Ламборџини веќе нема да учествува на традиционалните салони за автомобили!!

Италијанскиот производител на спортски автомобили „Ламборџини“најави дека повеќе нема да учествува во традиционалните салони за автомобили.

Големите меѓународни саеми за автомобили се повеќе ја губат важноста, а коронавирусната криза само дополнително влијаеше на овој тренд во автомобилската индустрија.

И додека многу големи производители повремено ги прескокнуваа големите светски салони за автомобили, Ламборџини е првиот што одлучи да се откаже од учество во овие настани во иднина.

„Одлучивме да не учествуваме во ревијата за автомобили бидејќи сè повеќе веруваме дека блиската врска со клиентите е клучна, а денешните ревии на автомобили не се во согласност со нашата филозофија“, рече шефот на маркетингот на Ламборџини, Катија Баси, во интервјуто за „Autocar India“.

И додека Ламборџини повеќе нема да има трибини на големи ревии на автомобили, компанијата не се откажува од учество во некои други настани со автомобили и ексклузивни ревии, како што е „Фестивалот за брзина“ во Гудвуд, Англија или „Натпреварот за елеганција“ во плажа Пебл, Калифорнија.

Овие настани во последниве години станаа мини-изложби на ексклузивни и супер спортски автомобили, бидејќи многу компании имаат нивни светски премиери на нови модели, кои претходно претежно беа резервирани Женева, Франкфурт или Париз.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.

притисни ентер