Лекарите алармираат:Грипот е многу сериозен со висока температура со денови, кашлица и поврќање

Вирусот на грип кај децата многу често предизвикува тешка пневомнија и бронихитис, објаснува педијатарот Мира Атанасова.

Докторката вели дека грипот е многу сериозен со висока температура со денови, кашлица и поврќање. Најризични се децата до четири годишна возраст каде вирусот многу брзо прогресира. Родителите на своја рака да не даваат антибиотици и да се консултираат со педијатрите. До 100 прегледи дневно со симптоми на грип има во амбулнатата и во телефоснките разговори со родителите..

-Температура што не се смирува повеќе од 5 до 7 дена, тешко дишење, свиркање во гради, да не речам тешко дехидрирано дете, може да побуди сомнеж дека самата грипозна инфекција е сериозна. Кај таквите дечиња може да инсистираме да се направат дополнителни тестирања, да се докаже дали има секундарна бактериска инфекција и затоа тие дечиња се препраќаат на терцијална,- - д-р Мира Атанасова – специјалист педијатар.

Во однос на големата или магарешка кашлица која поседниот период повторно почна да се појавува, Д-р Атанасова вели дека станува збор за сериозна состојба, со тешка клиничка слика кај децата и со голем број на смртност наназад низ годините, која единствено може да се превенира со вакцинирање на детето со ДТПР вакцината. Таа посочува дека во поново време педијатрите болеста ја изучувале преку слики и касетофони со оглед на тоа што била во децениско изумирање .

- За пертузисот би рекла најризична, најкритична за мало бебе, за новородено, за доенче. Верувајте ако нема ниедна вакцина ДТПР примено тогаш ние како педијатри се плашиме како тие ќе ја завршат клиничката слика. Мора да си ги вакцинираме децата, овој тренд верувајте не е од денес, овој тренд на антиваксерство е наназад неколку години. Ние на касетофон сме слушале како изгледа дете со петрузис. Зошто сега дозволуваме во 21 век да ни се врати болест која е редуцирана, која СЗО дала сертификат на нашава држава и на сите други држави дека таа болест е искоренета,- - д-р Мира Атанасова – специјалист педијатар.

Во соседството состојбата со големата кашлица станува алармантна. Во Србија, според Институтот за јавно здравје региститрирани се над 1000 случаи на голема кашлица, а на крајот на декември минатата година, во Белград беше прогласена епидемија. Кај нас по двата случаи на голема кашлица, нема нови регистирани. Во меѓувреме, расте бројот на заболени со грип. Од таа причина Комисијата за заразни болести даде препораки за забрана на посети во болниците и старските домови и носење на заштитни маски во здравствените установи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер