Леонид Индов со медицински хеликоптер замина на лекување во Виена

По шест часа лет и една пауза во Осијек попладнево околу 13 часот тешко повредениот Леонид Индов пристигна во Виена со првиот меѓународен лет со хеликоптер за медицински транспорт во историјата на дражвата. 

Рано утрово доктори, анестзиолози и медицинска сестра во организација на МВР од хелиодромот 8 Септември го започнаа патувањето кон Виена каде 18 годишниот Индов ќе се лекува во центар за рехабилитација.

Медикоптерот „Бел 212“ е од Одделот за воздухопловни единици при МВР, а подготовката и обуката на медицинскиот персонал траела три месеци. Директорот на ГОБ 8 Септември Христијан Костов вели дека станувало збор за комплициран и ризичен транспорт, бидејќи момчетот не дише самостојно, туку на респиратор.

Индов летово доживеа тешка несреќа додека беше на патување во Грција каде ги повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен. Тој потоа итно беше пренесен во Солун каде му беа направени неколку успешни операции, за кои се собираа средства од над 200 илјади евра, но во моментов дише на апарати и не може да ги движи екстремитетите. Костов информира дека моментално пациентот е во стабилна состојба, а транспортот за пациентот ќе биде бесплатен и тој му следува на секој осигуреник во Македонија.

Медикоптерот е опремен со медицинска опрема за итен транспорт за високоризични пациенти, а беше промовиран во декември минатата година на хелиодромот на Општа Болница Битола.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер