Љутков: СДСМ го навредува Македонскиот јазик и противуставно го третира како втор јазик

СДСМ го навредува Македонскиот јазик и противуставно го третира како втор јазик, односно како странски јазик во Република Македонија.

СДСМ сака повторно да импровизира со носење на законско решение на брз и дилетантски начин, со кое се нанесува директна штета на македонскиот јазик и неговата употреба.

„Јазикот е нашата единствена комплетна татковина“, рекол Коневски. Таа татковина е повторно под директен напад на импровизациите од нестручноста на СДСМ.

Законот за употреба на Македонскиот јазик има извонредно значење за најшироката јавност и прво и основно, тој не смее да се носи набрзина, невнимателно и со импровизации, туку во редовна постапка и низ три читања.

Интересно, но предлагач на овој закон е министерството за култура, а не министерството за правда како во случајот со Законот за употреба на јазиците, оспорен од Венецијанската комисија.

Одредбите на овој закон се многу, многу далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер.

Наместо овој закон детално да ја регулира употребата на македонскиот јазик во сите органи, области и дејности, на целата територија и во меѓународните односи, тој тоа го прави во само пет члена, за разлика од законот за употреба на јазиците, оспорен и од венецијанската комисија, во кој употребата на јазикот опфатен со тој закон е регулирана дури во 17 члена.

Со ова избрзано законско решение на СДСМ нема ниту збор за операционализација на уставната одредба дека „Кога наставата се одвива на јазик различен од Македонскиот, задолжително се изучува Македонскиот јазик од прво одделение“. Одредбата од законот за основно образование за изучување на македонскиот јазик од четврто одделение не е спорна само од уставен, туку и од аспект на интеграцијата.

Доаѓаме и до најскандалозните законски решенија кои се резултат на импровизациите на СДСМ.

Во член 4, алинеа 11 буквално се навредува Македонскиот јазик со формулацијата: „Поддршка на учење на македонскиот јазик како странски / втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор во Македонија, туку секогаш е прв и секогаш само покрај него може да стои друг јазик.

Членот 7 не е само неуставен, туку и навредлив и гласи: „На јавните настани што се организираат во Република Македонија, а се финансирани од буџетот, задолжително се употребува И Македонскиот јазик“. Согласно Уставот, друг јазик секогаш се употребува покрај Македонскиот на сите јавни настани. Според СДСМ, Македонскиот јазик е втор јазик во Република Македонија.

Покрај овие најсериозни небулози, навреди и омаловажување на македонскиот јазик, во предложеното законско решение има и многу други пропусти, од кои ќе наведеме само дел:

-Некои членови, како член 4 и член 5 имаат декларативен, а не императивен карактер.

-Се предвидува лектори да бира Владата, а не Универзитетот што е директно мешање во автономијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-За спроведувањето и заштитата на Македонскиот јазик како единствен официјален јазик на целата територија и во меѓународните односи, односно државен јазик, нема предвидено формирање на орган од типот на Агенција за примена на Македонскиот јазик, каква што е предвидена во други случаи.

-Казните од овој закон се усогласени со оние од новиот закон за прекршоци и во споредба со казните од оспорениот закон за употреба на јазиците, изгледаат како опомена, а не како санкција.

-Директорката на Институт за македонски јазик најави формирање на тело за Стандардизација на Македонскиот јазик што е сосема нелогично, имајќи предвид дека веќе постои Институт за македонски јазик, чија основна дејност е истражување, унапредување и грижа за Македонскиот јазик.

-Овој закон нема предвидено формирање Комисија за стандардизација на географските имиња.

-Не е предвидена ниту регулација на употребата на топонимите и санкции во случај на кршење на членовите од овој закон.

Ова се само мал дел од многубројните забелешки, кои очигледно не беа предмет на интерес на предлагачот на овој закон, како што ниту заштитата на Македонскиот јазик не е основата поради која се предлага овој закон.

Иако техничките влади по дефиниција треба да овозможат рамноправен амбиент за фер и демократски избори, СДСМ во „пет до 12“ ја продолжува засилената законска активност злоупотребувајќи ја техничката влада за популистички цели и додворување кон коалиционите партнери.

СДСМ мора да престане да се однесува како Македонскиот јазик да е втор или странски јазик во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот односна предлагачите на овој закон.

Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на националните интереси.

Прес конференција за медиуми на Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер