Љутков: Заев без срам посегнува по националните интереси, во Европа не се оди обезличени

 Заев без срам посегнува по националните интереси, во Европа не се оди обезличени и проѕирни, туку со нашата вековна традиција, уметност, култура, оставка веднаш.

Уште еднаш да повториме бараме ОСТАВКА!

Многу чудни работи почнаа да се случуваат и во уметноста со доаѓањето на Зоран Заев на власт. Со потпишувањето на Преспанскиот договор тој не го смени само името на државата. Не се сменија само имињата на институциите во Македонија. Не се избрусија само сонцата од Кутлеш. Ами, се посегна и кон бришење на делови од нашата химна, на прослава, божем случајно. Каде што се спомнуваат имињата на македонските револуционери Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев. Јане Сандански. При одбележувањето 1000 години од Бигорскиот манастир повторно како божем случајно беа цензурирани стихови од песната, познатата песна на стихови од Григор Прличев - „Хилјада и седем стотин шестдесет и второ лето“. Речиси половина од песната со што оваа песна остана без поента. Не знаел З.З. веројатно дека токму во автобиографија самиот Григор Прличев пред да ни ја претстави интегрално оваа песна запишал – „Токму оваа песна, помогна во искоренувањето грцизмот многу повеќе од сите наши прежни подвизи“.

Денес Зоран Заев извртува искривени историски факти за Гоце Делчев за бугарската фашистичка окупација во Македонија, која самата бугарска држава ја признала со Парискиот договор во 1946 година. Затоа нема да бидеме изненадени ако еден ден и сите македонски топоними спомнати во народните песни од Егејска Македонија како „Мори чупи, костурчанки“, „Твојте очи Лено мори“ во кои се спомнуваат и воденски черешни, леринско симитче, костурско кутивче да почне да ги менува со грчки топоними или просто да се избришат овие епитети изведени од топоними така како што постапи и со спомен плочите при бришењето на придавката „бугарски“ пред синтагмата „фашистички окупатор“.

Не знам само што ќе прави со Кукуш во најпознатата авторска песна на Константин Миладинов „Т’га за југ“?!

Дали во интерес на добрососедските односи ќе треба во иднина да се забранат песните како „Ми заплакало селото Ваташа“ испеана потресно по стрелањето на ваташките младинци, „Таки Даскалот“ за истоимениот народен херој од НОБ, или во „Таму долу Криволачко“ за народниот херој Никола Петров. Или, можеби, ќе треба да се забранат сите песни, а партизаните децата да ги учат како терористи кои се бореле против мирољубивата слободарска бугарска администрација? Ова е се апсурдно, нели?

Посегнува по македонскиот народ, македонскиот дух, македонскиот фолклор, македонската песна, кои се распространети и во Европа, и низ целиот свет?

Во Европа не се оди обезличени и проѕирни, туку со нашата вековна традиција, уметност, култура. Преубавиот фолклор. Само така убавата Македонија, ќе биде вистинска членка на Европската унија. Унија на вредности, на еднакви права и можности.

Многу години наназад сме поделени на партиски, етнички, социјални и верски основи!

Затоа почитувани, ни треба сега и веднаш обединување. Сепак ова е местото каде секој треба да се обрати, надвор од партиската и етничката припадност, треба да застане овде, да се сврти директно таму и да му рече оди си. Да застане и да му се обрати директно на човекот кој ја засрами Македонија пред целиот свет.

Знам дека сите ние го гледаме пред нас ова разнебитување и разградување на нашата духовност, фолклор, култура, историја, јазик. И затоа да не молчиме и да извикаме како она искрено и невино дете од приказната: ЦАРОТ Е ГОЛ!!!

Морате да го слушнете народот, а народот вели не! Народот вели, оди си, народот вели оставка!

Или во духот на добрососедските односи каде невешто тврдиш дека зборуваме на ист јазик, ти велиме заминувај или на другиот јазик различен од македонскиот замињавај!

Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура при ВМРО-ДПМНЕ

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти дека од почетокот на годинава во Иран биле егзекутирани 223 лица и го осуди отсуството на фер судење.

Седум лица, меѓу кои две жени, беа обесени денеска во Иран, бидејќи Исламската Република ја зголемува употребата на смртната казна за политички цели, соопшти организацијата со седиште во Норвешка, објави „Фигаро“.

Парвин Мусави (53), мајка на две деца, беше обесена во затворот Урмија во северозападен Иран со пет мажи, од кои сите беа осудени за трговија со дрога, се вели во соопштението на организацијата.

Фатемех Абдулахи (27) е обесена во Нишапур на истокот на земјата поради убиство на нејзиниот сопруг, кој воедно и бил братучед.

Огранизацијата соопшти дека забележала 223 егзекуции годинава, вклучително и најмалку 50 само во мај, по крајот на персиската Нова година и Рамазан во април.

Иран е една од земјите каде што се извршуваат најмногу егзекуции заедно со Кина и Саудиска Арабија. Егзекуциите се вршат со бесење./МИА

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

притисни ентер