Мадона го откажа концертот во Лондон : Жал ми е, ама морам да си го слушам телото

Поп иконата Мадона вчера го откажа првиот од 15 – те закажани концерти во Лондон, што требаше да се одржи во понеделник.

Фановите вчера биле известени за откажување на концертот со пораки, и им е понуден поврат на парите за билети, соопшти Ticketmaster.

Концертот требаше да се одржи во лондонскиот Паладиум, 100-годишен театар, со 2.300 места.

Следниот концерт ќе се одржи во истиот театар во среда, според веб-страницата на лондонскиот Паладиум.

Концертите на Мадона ќе се одржуваат во Лондон до 16 февруари.

60-годишната „кралица на поп музиката“ ги откажа концертите во Лисабон минатата недела, по што напиша на Инстаграм дека „мора да го слуша своето тело и да се одмори“.

I am deeply sorry that I have to cancel my concert scheduled for Monday January 27th in London. Under doctors guidance I have been told to rest for a few days. As you all know, I have injuries that have plagued me since the beginning of the tour but I must always listen to my body and put my health first. The last thing I want to do is disappoint my fans or compromise the integrity of my show. So I will keep going until I cannot. As always- anyone who purchased a ticket will be refunded for tickets purchased that evening. The show on Wednesday January 29th will go as scheduled. Again I am deeply sorry to disappoint anyone and please know that it hurts me more than you can imagine to have to cancel any shows. Thank you again for your understanding. 🙏🏼.

A post shared by Madonna (@madonna) on

Промоторката на нејзините концерти во Португалија им се извини на фановите на Фејсбук и напиша дека пејачката сè уште се бори со „постојани силни болки“.

Неодамна, Мадона на Инстаграм објави фотографија од себеси во ледена бања.

Според извештаите на медиумите во ноември, таа им кажала на посетителите на концертот во Сан Франциско дека има оштетени лигаменти и проблеми со коленото.

Неколку концерти како дел од Светската турнеја „Мадам Х“ беа откажани во САД минатата година, вклучително и закажаните концерти во Бостон, Њујорк и Мајами.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба

Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. 

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто

Непречено се одвива изборниот процес од парламентарните и вториот круг од претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.

И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.

притисни ентер