Мајка и ќерка се породиле во ист ден во исто време (видео)

Мајка и ќерка од Сирија, Фатма (42) и Гаде (21) Биринци, пред три години ја напуштиле својата земја која е зафатена со војна и засолниште пронашле во турскиот град Конија.

После нешто повеќе од две години престој во тој град, две скоро истовремено дознале дека се бремени.

Мајката и ќерката, во текот на бременоста, заедно оделе на контрола, заедно се породиле и на крај заедно ги земале своите синови во раце. Фатма и Гаде се породиле во исто време во петок на 29 септември во претпладневните часови.

За да и се одолжат на некој начин на Турција за поддршката која им е дадена, на синовите им ги дадоа имињата Реџеп и Таип, по името на турскиот претседател Ердоган.

Беа посетени и од началникот на болницата Еркан Атас, кој им ги пренесе честитките од турскиот министер за здравство Ахмет Демирчан.

„Никогаш претходно не сум слушнал за нешто слично. Најважно е дека мајките и бебињата се добро. Им посакуваме долг живот и многу здравје“ – изјави Атас.

Мајката Фатма Биринци, после породувањето изјави дека е среќна што нејзиниот син е жив и здрав.

„Посебно сум среќна што се породив во исто време со својата ќерка. Истовремено добив и син и внук“ – изјавила таа.

Нејзината ќерка Гаде им се заблагодарила на сите во болницата за пружената поддршка.

„Многу сум радосна што станав мајка, а добив и брат“ – порачала Гаде.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер