Мајката на Кристијано Роналдо задржана на граница со полна торба пари!!

Мариа Долорес Авеиро, мајката на најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо , минатиот месец била задржана на мадридскиот аеродром Барахас со торба во која имало 55000 евра, парите сакала да ги изнесе од Шпанија, пренесува шпанскиот дневен весник Ел Мундо.


Полицијата морала да ја задржи 61 годишната жена , по професија готвачка, поради тоа што сакала тајно да изнесе од земјата поголема сума на евра од дозволените 10 000 , пренесуваат агенциите.

Мајката на Кристијано немала објаснување за потеклото на парите, по што полицијата била принудана да и заплени 45 000 евра , по што и било дозволено да замине во родната Португалија.

Парите ќе останат во полиција се додека Долорес не го докаже нивниот извор. Инаку обидот за изнесување на овој износ на средства од Шпанија не е кривично дело, туку административен прекршок, па поради тоа 61 годишната Португалка не е уапсена.

При преземањето на парите од полиција мајката на Роналдо ќе мора да плати парична казна поради непочитување на законот. Од полицијата сметаат дека 61 годишната жена не сакала да строри кривично дело , туку дека само не ги познавала законите.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер