Мајката од пеколот заврши во кафез – призна зошто ја држела петгодишната ќеркичка прекриена во смет (ФОТО)

Мајката на петгодишното девојче ,кое руските медиуми го нарекоа ,,женско Могли” , заврши во кафез каде рече дека ја чувала ќеркичката во добри услови.

47- годишната Ирина Гарашенко вели дека си ја сака ќерката , иако девојчето со години било затворено во стан во Москва , прекриено со смет и без никаков контакт со луѓе. Докторите во шок го прегледале девојчето у утврдиле дека Љуба не знае да зборува , не видела овошје и не спиела во кревет , а многу се плаши од вода. мајката , која е факултетски образувана , е задржана во притвор на два месеца , а е обвинета за обид за убиство.

Доколку биде осудена , според обвинението и се заканува 15 годишна казна затвор. Состојбата на станот , во кој живеело девојчето го шокира светот.

Полицајците , кога влегле , морале да носат заштиотна облека , бидејќи целиот стан бил прекриен со смет ,инсекти и глодари.

Мајката , пак вели дека станот е во ред и дека таа го родила девојчето на 41 година и дека го сака. Вели дека не знае што виделе сите во станот , кога пет и пол години во добри услови во него го чувала девојчето. Вели дека некој намерно го прекрил со отпадоци за да инсценира случај , а таа не можела да влезе зашто ја уапсиле во близина на станот.

Таа изјавила дека само на неколку часа излегла од дома , додека соседите тврдат дека со денови девојчето било само.

Докторите пак имаат сосема друга верзија. Велат дека девојчето нема психички пореметувања , но дека не знае да спие во кревет , туку се свиткува и спие на стол. И понудиле мандарина , но девојчето не знаело што е тоа.

Не можеле да ја избањаат зашто се плаши од вода , а дел од испитувањата поврзани со апарати не може да ги направат , зашто малото девојче се плаши од електрични направи.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер