Македонците трошат 37,8 отсто од приходите за храна

Жителите на Македонија 37,8 отсто од своите месечни приходи трошат за храна, покажува истражувањето на руската агенција „РИА Рејтинг", со кое се опфатени 40 европски држави врз основа на податоци од националните статистички служби за 2019 година.

Наспроти ова, жителите на земјава, според анализата, трошат четири отсто од приходите за цигари и алкохол, 3,6 проценти за трошоци во ресторани, кафулиња и хотели и само 1,8 отсто за култура и рекреација.

Истражувањето покажува дека со потрошени 37,8 отсто од месечните приходи за храна, земјава се наоѓа на 37 место на листата, пред Молдавија (43,8 проценти), Казахстан (47,6 отсто) и Украина (50 проценти). На врвот на листата со најмал процент на трошоци за храна е Луксембург (8,4 отсто), пред Холандија и Велика Британија (по 10,6 проценти), Ирска (11,5 отсто) и Финска (11,7 проценти).

Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија на 18-то место со трошоци за храна од 15,4 отсто од вкупните приходи, Грција е 22-ра со (20,2 проценти), Турција е на 23 место (20,3 отсто), Хрватска на 29-та (28,2 проценти), Црна Гора е 30-та (29,7 отсто), Србија е 34-та (34,3 проценти), а Бугарија е едно место пред земјава, односно 37-ма (37,8 отсто).

Во категоријата на трошоци за цигари и алкохол, Северна Македонија со 4,0 отсто е на делба на 34 место заедно со Литванија и Турција, а по земјава следуваат Украина (4,1 отсто), Србија (4,9 проценти), Бугарија (5,0 отсто) и Романија (8,2 проценти). На самиот врв е Луксембург со 1,3 отсто трошоци за цигари и алкохол од вкупните приходи, пред Португалија, Кипар и Молдавија (по 1,6 проценти) и Шпанија и Германија (по 1,7 отсто). Словенија е 12-та (2,1 проценти), Хрватска е 24-та (2,9 отсто), а Грција и Црна Гора се на делба на 29-то место со по 3,7 отсто.

Кај процентот на трошоци од месечните приходи во ресторани, кафулиња и хотели, земјава е на 11-то место со 3,6 отсто. На врвот на оваа класификација се Романија и Молдавија со 1,9 проценти, пред Белорусија (2,8 проценти) и Хрватска и Украина (со по 2,9 отсто), додека на самото дно се Шпанија (9,9 отсто), Грција (10,8 проценти) и Швајцарија (11 отсто). За Бугарија и Шведска нема податоци во оваа категорија, додека од останатите земји од регионов Србија е шеста (3,1 проценти), Црна Гора 12-та (4,0 отсто), Словенија е на делба на 19-то место со уште четири земји со по 5,7 проценти.

Северна Македонија е на делба на вицешампионското место со Казахстан во категоријата процент на трошоци за култура и рекреација со 1,8 отсто. Пред земјава е само Молдавија со 1,5 проценти, а по нас и Казахстанците следуваат Украина (2,1 отсто) и Турција (2,9 проценти). Последните пет места на листата ги заземаат Германија (10,3 проценти), Исланд 11,1 (отсто), Австрија (11,5 проценти), Велика Британија (15 отсто) и Швајцарија (18,7 проценти). Од земјите во регионот Црна Гора е шеста (3,3 отсто), Грција десетта (4,7 проценти), Србија 12-та (5,1 отсто), Хрватска е на делба на 14-то место со Шпанија (5,5 проценти), Бугарија е 17-та (5,9 отсто) и Словенија е 29-та (13 проценти).

Албанија, Босна и Херцеговина и Косово не се опфатени со истражувањето.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер