Македонската поп-ѕвезда Калиопи вечер на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Македонската поп-ѕвезда Калиопи ќе биде главниот гостин од домашната музичка сцена на плоштадот „Магнолија“ за време на дочекот на Новата Година во Битола.

Организираната забавно-музичка програма почнува претпладнево со изведба на четири детски театарски претстави, односно претставите „Работилницата на Дедо Мраз“, „Најубавата ноќ“, „Новогодишна приказна за Дедо Мраз“ и претставата „Земјата наопаку“, а ќе продолжи со вечерна програма во која меѓудругите ќе настапат и познатите Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски и точно на полноќ –Калиопи.

Од општина Битола порачуваат за време на забавата да не се користат пиротехнички материјали, петарди и друг лесно запаллив материјал и да се препуштат на богатата музичка програма на плоштадот „Магнолија“ организирана по повод дочекот на Новата 2015 Година.

Објавена е снимка на осомничениот за атентат врз Фицо- открива кога се решил да го нападне

Словачката телевизија Та3 успеала да добие видео од маж кој полицијата го приведе по обидот за убиство на премиерот Роберт Фицо.

Еве што изјавил осомничениот пред рочиштето.

„Не се согласувам со политиката на владата. Дали медиумите се ликвидирани, зошто се напаѓа РТВС?“ вели тој додека рацете му биле врзани зад грб.

Од говорот на видеото се гледа дека осомничениот пред еден месец одлучил да нападне, јави Та3.

Телеграф.рс не можеле да ја потврдат автентичноста на снимката.

Силјановска-Давкова изразила загриженост за атентатот врз Фицо во телефонски разговор со Маркуш

Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. 

Дознаваме дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.

Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

притисни ентер