Македонските млади веслачи со помош на МОК ќе настапат на Светското првенство во Тракаи

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Веслачката федерација на Македонија во целост ги покри сите финансиски трошоци за 5 члената млада македонска веслачка репрезентација во однос на нивното учество на младинското Светско првенство во Тракаи, Литванија.

На шампионатот кој започнува денеска и ќе трае се до недела, ќе учествуваат повеќе од 700 веслачи од 59 држави .

Младата македонска веслачка репрезентација е од 26 Јули во Тракаи каде учествуваше на кампот на Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), а каде македонскиот тренер Марио Јованоски, помогнат од своите колеги од САД и Словенија, Џон Паркер и Јан Илар, заедно работеа на подобрување на формата и техниката на нашите млади спортисти.

Попладнево ќе се одржат и првите натпреварите на кои ќе ја видиме формата на младите македонски веслачи.

Магдалена Карамитерска и Ксенија Крањевска ќе настапат во дубл скул, во дисциплината скиф ќе не претставуваат Ана Димоска во женска и Никола Аџиоски во машка конкуренција.

Трагедија во Италија: Работник загина од ветерна турбина, висока 112 метри

Маж кој работел на изградба на турбина на ветер во сицилијанскиот град Салеми загинал кога паднал од конструкцијата висока 112 метри.

На терен излегле пожарникари и здравствени работници.

Противпожарните екипи со мака го извадиле телото кое при падот запрело на висина од 48 метри, пренесува италијанскиот портал TGCOM24.

Џовани Карпинели (33) бил вработен во неаполската компанија „Ivpc service srl“.

- Уште една смрт на работник во Сицилија. Како да прифатиме дека таткото на семејството ја напушта куќата за да заработи за живот и повеќе не се враќа. Доста е, мора да се гарантира безбедноста и заштитата на работниците, изјави регионалниот секретар на Сицилијанската демократска партија, Ентони Барбагало.

Претходно оваа недела, пет работници загинале во Палермо кога се заглавија во тунел и беа изложени на отровни гасови за време на редовно одржување на канализациониот систем.

Виенски бал бал во Скопје - гламур и хуманост за малиот Леонид Индов

Синоќа во Скопје се одржа традиционалниот Виенски бал. Ова беше хуманитарен настан во рамки на кој се одбележа виенската култура…

Црвен ќилим, насмевки и елеганција во движење. Скопје синоќа живееше во духот на Виена, на 23-то издание на Виенскиот бал. Како што доликува на една ваква манифестација, присутните го испочитуваа задолжителниот дрес код. Дамите блеснаа во свечени долги тоалети, а господата во смокинг, темно одело или униформа.

Уште пред самиот почеток, гостите беа пречекани од звуците на класичната музика и имаа можност да се дружат меѓусебно и да наздрават со чаша вино. Балот годинава, како и лани, помина во знакот на хуманоста. Гостите на своите маси имаа флаери, преку кои се повикуваше на донација за лекување на младиот Леонид Индов, кој минатото лето доживеа тешка повреда на летување во Грција.

Водителка на настанот беше некогашната мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, а по завршувањето на протоколарниот дел и поздравните говори на организаторите и дел од поддржувачите, започна да музицира оркестарот „Јохан Штраус“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Свој настап имаа и првенците на Балетот од Националната опера и балет и танчарите на танцовиот клуб „Прима данца“.

Гостите не ја криеја насмевката и задоволството од целата организација на овој настан. Видно задоволни, уживаа во класичната музика, но и добрата храна и квалитетно вино.

„Во Виена имаме речиси половина година стотина балови. Тоа е забава, уживање и култура. Мислам дека Македонија и Скопје и луѓето овде, тоа го заслужиле. Организацијата е одлична. Мене ми е чест што првпат дел од оваа организација. Тоа е нешто што се развива од година во година. Секоја година нешто ново, и се надевам дека следната година повеќе луѓе ќе танцуваат“

„Мислам дека е многу убав настан, кој го поврзува Скопје со Виена. Ова е еден убав и културен настан, каде може да се слушне музиката од Австрија и традицијата на Виенскиот бал. Многу сум изненадена од организацијата. Премногу добро е се организирано, и не мислев дека може да биде вака професионално поставено. Се чувствувам како да сум во Виена. Сите танцувачи се професионални, музичарите се одлични. “

Виенскиот бал во Скопје, и оваа година ја потврди македонско-австриската соработка на поле на културата и уметноста и уште еднаш ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот.

Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести денеска во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.

На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.

Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, се наведува во соопштението.

притисни ентер