Македонските одбојкари посакуваат реванш за поразите од Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација во четврток и петок ќе биде дел од завршниот турнир на Европската лига што се игра во полскиот град Валбжих.

Противник во првиот дуел во полуфиналето ќе ни биде селекцијата на Естонија која со максимални 10 победи го освои првото место во нашата група.

Притоа Естонците групата ја почнаа со две победи над Македонија. Нашата репрезентација од натпревар во натпревар играше се подобро и на крајот со победите над Австрија и над Полска избори место на завршниот турнир.

На денешната прес-конференција селекторот Жарко Ристоски истакна дека успехот од лани како полуфиналисти, ќе добие на тежина, доколку се повтори истиот резултат.

- Играчите го дадоа својот максимум во текот на сите дуели од групата. Ланскиот успех кога бевме полуфиналисти добива на тежина со повторувањето на истиот резултат, но можеме ние и подобро. Лани во полуфиналето влеговме како четврти, а сега како трети. Естонија е наш должник, а тоа е селекција која игра брза и модерна одбојка. Тие се сепак фаворити, додаде Ристовски.

За капитенот Никола Ѓорѓиев постигнатиот успех е поголем бидејќи нашата група оваа година беше посилна од ланската.

-Можам само да кажам дека ќе се бориме за финале и да им се реваншираме на Естонците. Оваа селекција на Македонија не е истата што играше на почетокот на јули во Естонија. Цел на секој е да биде дел од финалето, истакна Ѓорѓиев.

Македонската одбојкарска репрезентација со автобус замина за Полска и се очекува утре по повеќе од 20 часови возење да пристигне во Валбжих. Полуфиналето против Естонија Македонија го игра во четврток со почеток во 20 часот. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер