Макрон го промовира неговиот концепт на ЕУ

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга.

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга, која подразбира пред се реорганизација на унијата со засилена економска, политичка и одбранбена поврзаност и соработка со Русија и Турција.

Според него, Европа за 15 години би била организирана во три круга на држави со различен степен на интеграција.

За тоа што стои зад идејата и како нејзината евентуална реализација би се одразила на евроинтеграциите на Македонија своите ставови ги споделија амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов смета дека „Европа во три круга” е личен нацрт-план на претседателот Емануел Макрон, што претставува една визија за зацврстување на ЕУ и претставува пресметан потег на Макрон за зајакнување на неговата лична позиција во претстојното преструктурирање на унијата.

Алберт Муслиу, смета дека Макроновата идеја како проект за реорганизација на ЕУ е реално потребен, бидејќи, вели, глобалните односи се сменети и денес имаме повеќе сериозни глобални играчи, посочувајќи на Кина, Индија и Бразил.

Во однос на тоа каде би се нашле Македонија во тие три круга и Филипов и Муслиу се оптимисти дека концептот нема да влијае врз интеграцијата на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кои се во фаза на преговори со ЕУ.

Полскиот претседател предложи зајакнување на националниот одбранбен систем

Полскиот претседател Анджеј Дуда поднесе до парламентот нацрт-закон за зајакнување на одбранбената готовност, поради новите форми на закани од Русија, соопшти денеска Националната служба за безбедност (ББН).

Според предлогот, генералната и оперативната воена команда ќе се спојат во едно тело.

Нацртот предвидува и нови постојани одбранбени планови кои обезбедуваат способност на војската веднаш да одговори на ненадејни закани и има за цел да го подобри протокот на информации и координацијата меѓу цивилните и воените власти на Полска.

- Предлогот предвидува воведување промени во воените и невоените области, зајакнување на способноста за спротивставување на хибридните закани и директна вооружена агресија, се наведува во соопштението на ББН.

Се додава дека предлозите се „одговор на промените во безбедносното опкружување, вклучително и новите форми на закани од Руската Федерација насочени против Полска и другите земји од Европската унија и НАТО“.

Руската амбасада во Полска соопшти дека не е во можност да го коментира соопштението на ББН бидејќи не е запознаена со тоа на какви „нови“ и „стари“ облици на наводни закани од Руската Федерација насочени против Полска и други земји од ЕУ и НАТО се мисли.

Полска ги зголеми своите воени трошоци на над четири отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од препораките на НАТО. /МИА

Херцог: Омразата и антисемитизмот ги контаминираа американските универзитети

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска го осуди „застрашувачкото оживување на антисемитизмот“ во светот, особено во САД, каде „универзитетите се контаминирани со омраза и антисемитизам“.

„Угледните универзитети, центри за историја, култура и образование се контаминирани со омраза и антисемитизам“, рече Херцог.

Во американските универзитетски кампуси „со ужас гледаме како се слават и оправдуваат злосторствата врз Израел од 7 октомври“ минатата година, додаде израелскиот претседател.

Тој изрази поддршка за „браќата и сестрите, пријателите во кампусите и во еврејските заедници во САД и ширум светот“. /МИА

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, во понеделник на 6 мај Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Во понеделник во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер