Со заеднички тркалезни маси, научни расправи, особено на оние атрактивните како информациско-комуникациските технологии, претприемништвото, вработувањето, културни проекти, претседателите на македонската и бугарската академија на науките ќе ги зближуваат младите.
Соработка, е целта на Платформата која Таки Фити и Јулијан Ревалски ја потпишаа. Треба да помогне за практична реализација на самиот Договор за добросоедство.
Билатералниот договор меѓу Македонија и Бугарија, не само на хартија, туку да добие и своја практична реализација, цени претседателтот на Бугарската академија.
За потписот на договорот за добросоедсво на двете земји, според академиците, претходеле 40 проекти на македонската и на бугарската акедмија на науките.