Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

Гром уби ранчер во Колорадо, настрадаа и неговите 34 крави (ВИДЕО)

Во удар на гром во округот Џексон во американската сојузна држава Колорадо загина сточар, а настрадаа и неговите 34 крави.

Во несреќа во саботата, 51-годишниот Мајк Морган загина на својот ранч во Ренд, на околу 190 километри северозападно од Денвер, а молњите собориле околу 100 негови крави, објави Индипендент.

Годишно во САД има околу 50 смртни случаи поврзани со гром, проценува Националната управа за океани и атмосфера, наведувајќи дека шансите да ве погоди гром се еден на милион.

Податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека имало 444 смртни случаи поврзани со гром во САД помеѓу 2006 и 2021 година.

Полска го ограничува правото на движење на руските дипломати: Ова да го сфатат многу сериозно

Полска ќе воведе ограничувања кога станува збор за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Односите меѓу Полска и Русија се затегнати по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година.

Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажа на територијата на Полска, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување“, изјави Сикорски за новинарите во Брисел.

Тој додаде дека руската амбасада во Варшава ќе биде известена за оваа одлука и дека ограничувањата за движење важат за целиот персонал во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот.

Зиков: Изборите поминаа, мора да се оладат главите

„ Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени“

Со инаугурацијата на претседателката на Македонија, почнато е со „дур“, ќе видиме понатаму како ќе се даваат и заклетвите од страна на министрите и како ќе се одвива тоа. Мора да се корегираат некои позиции. Мора да го фатиме патот со ЕУ, Албанија е спремна за преговори, Србија и Црна Гора веќе преговараат и тоа мора да почне сега. Не смеат да се прават грешки, мора да се оладат главите, изборите поминаа. Претходно ние требаше да се качиме на возот што стоеше за Европа, а сега возот се движи кон Европа а ние трчаме и треба да се качиме. Доколку партиите од Албанскиот блок не останат на висината на задачата и тоа што го ветиле тогаш ќе им паѓа рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го реши тоа што не сакаше 4 години претходно да го реши, само да најде начин како да го „спакува“. Проблемот е во политичката волја на владата дали сака да го реши и временски кога сака да го реши прашањето со уставните измени. Едно сценарио е да се почекаат локалните избори и да го решат по нив за да не им падне рејтингот, друга опција е по нова година, тоа ќе биде исто така на почеток на мандатот, а паметни влади такви поркупни прашања решаваат на почеток на мандатот, трета опција е можеби заедно со локалните да има и предвремени избори па така ВМРО-ДПМНЕ да си го зголеми бројот на пратениците, од 58 на 62 и така да има стабилно мнозинство да ги усвои уставните измени, рече Љупчо Зиков во Само Вистина.

притисни ентер