Како што пренесува порталот 057.info, тепачката била снимена и објавена на социјалните мрежи, но брзо отстранета.
Младите момчиња собрани во паркот со мобилни телефони ја снимале тепачката меѓу тинејџерките и ги бодреле со извици. Лицето кое го објавило видеото на социјалните мрежи напишало дека тепачката се случила околу 19 часот.
"Удри ја!", "Сега е!" викнале младите, спомнувајќи име на девојка. Прво се степале две девојки, а потоа почнале да се тепаат и други две девојки.
Младите, освен што ја гледале тепачката и ги бодреле девојките, во „рингот“ фрлале и пиротехнички средства, пишува 057.info.
„Поздрав тато, пред еден час ова се случуваше кај Капетански, па ако ги препознаете вашите деца, дајте им совет да не го прават ова, бидејќи може да доведе до сра*е“, се вели во објавата на Фејсбук со видеото од тепачките.
Како што пишува 057.info, полициската управа Задар синоќа не била запознаена со настанот, објави Индекс.