МБА: Банките предвремено ќе ја исплатат и мајската пензија

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на мајските пензии.

Корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат веќе од среда, 27 мај 2020 година

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 27 мај 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата мајска пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

- во среда, 27 мај – пензии во висина до 11.000 денари;

- во четврток, 28 мај – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

- во петок, 29 мај – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

- во понеделник, 01 јуни – пензии во висина над 18.000 денари.

Ги молиме клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите.

Апелираме сите корисници на пензии кои досега не го сториле тоа, при посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од мајската пензија, да пополнат барање за изработка на дебитна картичка. Со тоа, при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите ќе биде помало, а секој пензионер ќе има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласна со насоките.

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер