Но , дури сега во јавноста излегоа и верзии на прославата во Анмер Хол , на имотот на кралското семејство во близина на Сандрингам.
Кејт сакала роденденот да го прослави во кругот на семејството и пријателите , но на роденденот не дошле принцот Хари и неговата сопруга Меган. Иако на имотот има 11 спални соби , за братот на Вилијам и неговата сопруга наводно немало место.
Извор близок до весникот Дејли Меил тврди дека Меган и Кејт се сосема различни и дека Кејт е таа што шефува во палатата.
Медиумите објавија дека Меган се чувствувала очајно во палатата , која покрај стесот од бременоста , мора да се справува и со јавните критики.
,, Хари е фрустриран зашто не може да и помогне. Тешко му паѓа да ја чува Меган од негативностите.” , изјавил неименуваниот извор за британските медиуми.
Шпекулациите за нетрпеливоста меѓу кралските јатрви почнаа кога беше објавено дека Меган и Хари се селат од Кенсингтонската палата , кога излегоа и верзиите дека Кејт плачела пред свадбата на Меган .