Мерцедес драстично ги намали цените на најпрестижните електрични модели

Доколку сте планирале да купите некој од овие Мерцедеси, не грижете се, попустот сигурно ќе ве одмине.

Имено, Mercedes ја намали цената на своите најпрестижни електрични модели исклучиво за кинескиот пазар, каде конкуренцијата е жестока. Пазарот на електрични автомобили таму е во подем, а домашните брендови доминираат. Мерцедес сега сака да биде поконкурентен и да го освои планираниот дел од колачот. Продажбата на електричните модели на Mercedes моментално е разочарувачка во Кина, особено на моделот EQS. Како што пишува Automotive News Europe, електричната верзија на класата S се продава со интензитет од само околу стотина примероци месечно.

Mercedes EQE, кој многумина го доживуваат како електрична класа Е, сега чини 478.000 CNY (околу 64.500 евра), а поевтинил за забележителни 6.750 евра. На пример, основниот EQE 300 во Европа има стартна цена од 75.700 евра.

Поголемиот EQS, кој го претставува најдоброто што може да го понуди Mercedes, чинел над 1 милион CNY пред попустот. Неговата цена сега падна на значително поприфатливи 956.000 CNY или на околу 129.100 евра. Преведено, овој модел на Мерцедес поевтинил за 31.600 евра. Mercedes EQS во Европа има почетна цена од EQS 450+ кој чини 116.200 евра.

Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата до Управниот суд по одлуката на ДИК за ИМ 0511

Коалицијата „Вреди“ на почетокот на јавната седница пред Управниот суд ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. 

Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува.

Претставникот на тужителот Коалицијата „Вреди“ Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост.

Според наводите на тужителот, набљудувачот од Коалицијата „Вреди“ на ИМ 0511 во Општина Гостивар недостига оригинален записник од ова избирачко место и дека имало три потписи помалку од гласачки ливчиња во кутијата по што ДИК на јавна седница нецелосно и неточно ја утврдил фактичката состојбата и приговорот го одбил.

ДИК во одговор на тужбата вели дека на јавна седница детално ја утврдил фактичката состојба и дека бројот на идентификувани гласачи е идентичен со бројот на гласови и предлага да се отфрли.

До ДИК беа поднесени 27 приговори за гласањето на парламентарните избори, од кои прифатени беа седум, шест за избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Драма во Атина: Возач заборавил дете во автобус пред градинка, го нашле по 6 часа

Следната приказна се одвивала во понеделник наутро, кога автобусот со кој се превезувале деца во градинката во Кифиси, елитна населба во Атина.

Четирите малечки излегле, но возачот и 70-годишната придружничка не забележале дека на задното седиште спие уште едно момче.

Возачот се упатил до блискиот паркинг и го напуштил автобусот, јавува Прото тема.

Малото момче во еден момент се разбудило во заклучено возило и штом сфатил дека е сам, се вратил на седиштето, го врзал појасот и почнал да чита книга.

Така го нашле, а претседателот на Здружението на родители и старатели на градинките во Кифиси истакнува дека се зачудени од „сталоженоста и зрелоста“ што ја покажал малечкиот.

„За среќа не беше премногу топло“, изјави Јоргос Ходумадис.

Мислеле дека ја снимиле „поларната светлина“- епското промашување го виделе 6,3 милиони луѓе

Две млади момчиња неодамна шетале по улиците на британски Норич и ги здогледале „светлата на Аурора“. Секако, веднаш ја вклучиле камерата на телефонот.

Ако не ви е познато, Аурора Бореалис е видена над поголемиот дел од Европа, по силната соларна бура. Единствениот проблем е што Карим Ахтар и неговиот пријател Сули не биле сведоци на оваа природна појава.

Момчињата уживале во својата прошетка, а нивното внимание го привлекла особено силната (виолетова) светлина, која ја осветлила целата област.

Тие биле возбудени, а потоа доживеале невидено разочарување, пишува Дејли Стар.

„Мислевме дека ја видовме поларната светлина, но светеше од блискиот хотел“, велат тие.

Видеото од „епско промашување“ се појави на интернет и привлече големо внимание. Само на TikTok има повеќе од 6,3 милиони прегледи.

@paakkz We thought we missed them in iceland but saw them in norwich 🤣🤣 #fyp #viral #zyxcba ♬ original sound - Pakkz

„Истото ми се случи пред супермаркет“, „Ова навистина ќе ме налути“ и „Барем убаво си поминавте“, гласат дел од коментарите.

притисни ентер