Мерцедес повлекува 100.000 дизел возила

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц ќе повлече повеќе од 100.000 дизел возила во Германија поради обновените наводи за неправилности во контролата на издувните гасови.

Компанијата потврди за Dpa дека Германската транспортна управа (KBA) издала известување за повлекување, кое се очекува да влијае на околу 100.000 возила.

Повлекувањето се однесува на различни дизел модели Euro 5 и Euro 6b, соопшти Mercedes-Benz. Возилата сега чекаат ажурирање на софтверот. Клиентите ќе бидат писмено известени дали нивното возило е вклучено во одредбата на KBA и ако е потребно ажурирање на софтверот, велат од компанијата.

Причината за повлекувањето е употребата на т.н. термо прозорци, кои беа во стандардна употреба и од други производители. Вообичаено, дел од издувните гасови се враќаат директно во моторот и согоруваат за да испуштаат помалку токсични азотни оксиди. Но, во зависност од надворешната температура, овој механизам може автоматски да ги врати назад. Производителите најавија дека употребата на термички прозорци го штити моторот.

Но, Европскиот суд на правдата (ЕСП) во 2022 година пресуди дека термичките прозорци се легални само ако нема друго решение. Судската одлука утврди дека софтверот што овозможува повисоки емисии на загадувачки материи „во голем дел од годината“ во основа е нелегален.

Германските регулатори на KBA сега, според пресудата, побарале од Mercedes-Benz да ги промени калибрациите во контролните единици на моторот на одредени возила, изјави портпаролката на Mercedes-Benz за Dpa. „До пресудата на ЕСП, европските власти генерално сметаа дека таквите температурни контроли за рециркулација на издувните гасови се дозволени“, рече таа.

Мерцедес-Бенц со години се соочуваше со обвинувања за емисии на дизелот. Од 2018 година, КБА има издадено неколку налози за повлекување возила од германски производители поради нелегална технологија на издувни гасови, што влијае на стотици илјади возила само во Германија.

Производителот на автомобили од Штутгарт исто така неколку пати е изведен пред суд откако проблемот излезе на виделина. Во Германија до денес повеќе од 30.000 потрошувачи поднеле тужби. Инвеститорите се обратиле и до судот во Германија, барајќи стотици милиони евра компензација за загубите.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер