Мицкоски: Јасно е кој е главата на „Рекет"

Не треба ние воопшто и да размислуваме ниту да одгонетнуваме ребуси. Јасно е што подразбира окотоподот наречен „Рекет" во случајов, кој е главата на тој октопод.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет" денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството треба да постапува според словото на законите и вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Сега е јасно зошто текстот на законот за јавно обвинителство требаше да биде таков каков што е, така што немам навистина што да додадам, освен тоа еве да апелирам до надлежните органи за транспарентна и целосна постапка поврзана со случајот „Рекет" без разлика дали во тие ПИ мерки влегол братот, дали влегол другиот брат, дали влегол братучедот или некој друг, изјави Мицкоски

Во „Рекет", според него, ситуацијата е јасна како ден, и оти се знае кој е октоподот сега, и која е главата на октоподот.

-Не треба ние воопшто и да размислуваме ниту да одгонетнуваме ребуси. Јасно е што подразбира окотоподот наречен „Рекет" во случајов, кој е главата на тој октопод. За жал го видовме вчера на повишен тон како бара правда во нашата држава, претпоставувам бара нова амнестија. Многу е јасно и на тие ПИ мерки, ова рекетирање станало семејна забава, па, гледаме не само Зоран Заев туку и неговиот брат се состанувал со еден од осомничените и осуден во овој случај. Сигурно не разговарале за романи и каква било поезија. Претпоставувам дека тема на разговорот биле бизнис интереси или бизнис зделки меѓу кои неминовна тема била сигурно и случајот „Рекет", рече Мицкоски.

Заев, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, неколку пати досега кажал дека се оградува за на крај, како што кажа, „да видиме дека притвореничката Јанева и одела во резиденцијата на претседателот на Владата".

-Сигурно таму не се среќавала со некои од обезбедувањето, претпоставувам се среќавала со Зоран Заев, претпоставувам дека тема на муабетот биле разговори поврзани со случаите во Специјалното јавно обвинителство. Истовремено гледаме како веќе овој осудениот, кој што призна вина, одел во Владата, а претходно Зоран Заев ако сеќавате рече дека само еднаш се сретнал со тоа лице, кога овој му носел инвеститори во владата, а гледаме дека таму на задниот влез влегол сам без да биде придружуван од било какви инвеститори, рече Мицкоски.

Секој оној обвинител кој сака да работи според законите и кој што сака да го приведе овој случај до крај, според него, „се знае кој овде е главниот организатор, инспиратор, сценарист на целиот случај поврзан и наречен „Рекет".

Во врска со законот за јавно обвинителство, Мицкоски повтори дека правниот тим на партијата ја анализира целокупната постапка од правен аспект и кога ќе биде завршена анализата, констатирани недоследностите и аномалиите ќе постапиме соодветно на препораките.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер