Мицкоски од Вељуса: Минуваат 10 месеци на понижувања, урнисување на претходно изграденото

Поминаа 10 месеци на понижувања, омаловажувања урнисување на сето она што било создавано, рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во Вељуса.

Урнисување на се што е изградено не само во оние 11 години додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт, туку на сето она што се создавало 27 години, па и на 45 претходно па и векови наназад. Имаме за жал, власт па и човек за жал од овој крај што нема ни малку чувство за она што се вели нација, Македонија и сето она што е поврзано со нашиот народ и нашата држава се труди да го урниса со своите постапки.

Ветуваа 5% раст намалување на невработеноста ветуваа перспектива за младите, ветуваа дека оние пола милион луѓе што ја напуштиле својата татковина ќе ги вратат веднаш кога ќе дојдат на власт, ветуваа брзи странски инвестиции, ветуваа живот. Но за жал ниту живот видовме ниту подобар живот дојде. Видовме само осиромашување и катастрофа. Македонија е цврсто закована на дното по растот на БДП од 0%. Нема држава на Балканот вклучувајќи ги Албанија, Косово, Грција, Србија, Бугарија, нема држава во регионот со 0% раст на економијата како нашата. Нема држава во регионот која што има 100 милиони евра странски инвестиции помалку споредно со 2016-тата година.

Имаме една катастрофа што ни се случува. Имаме поништување на развојни постапки кои што претходните им го оставиле. Имаме стопирање на градежниот сектор за 30% помалку од тоа што било порано. Имаме 30% помало индустриско производство од она што било помалку од претходното. Имаме катастрофа во економијата што ни се случува. Ниту платите ги покачија до 30 илјади денари, ниту пак докторите имаат 100 илјади денари месечно, ниту пензионерите добија 10% повисоки пензии како што ветуваа, а ниту земјоделците добија повисоки субвенции од она што го ветуваа. Ниту животот дојде, ниту реформите се случија во здравството, ниту во образованието ниту пак имаат намера тоа да го прават, рече Мицкоски.

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим

 Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години.

„Почина од старост и оштетување на органите, за што се лекуваше од 2022 година“, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-Би-Си.

Ким Ки-нам беше водечки пропагандист на Северна Кореја со децении, служејќи му на владејачкото семејство долго време, каде што придонесе за изградбата на култот на личноста на севернокорејските диктатори.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, пренесе КЦНА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.

Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде и на чело на одделот.

Ким Ки-нам во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.

Тој со децении беше и главниот автор на политичките пароли на државата и имаше големо влијание врз нејзините медиумски и издавачки активности.

Ким Ки-нам се пензионираше во доцните 2010-ти, предавајќи ја својата улога на сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Јо-Џонг, но продолжи да се појавува на јавни настани.

САД ја прекинаа испораката на бомби за Израел поради најавената офанзива на Рафа

-Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми. Не донесовме конечна одлука дали таа пратка ќе биде испорачана, рече претставникот.

Американските власти минатата недела одложија пратка бомби за Израел, откако еврејската држава не одговори на „загриженоста“ на Вашингтон за најавената офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, изјави доцна синоќа неименуван високо позициониран американски функционер.

-Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми. Не донесовме конечна одлука дали таа пратка ќе биде испорачана, рече претставникот.

Одлуката била донесена затоа што Вашингтон се противи на голема офанзива што ја подготвуваат израелските војници во Рафа.

Вашингтон јасно стави до знаење дека не поддржува офанзива без кредибилен план за заштита на тамошните цивили.

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори овој став пред два дена во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Израелските и американските официјални лица разговараа за алтернативите, дискусиите се во тек и сè уште не се целосно решени нашите грижи, додаде американскиот функционер.

Израелската армија вчераутро распореди тенкови во Рафа, ја презеде контролата на граничниот премин со Египет и затвори две главни пристапни точки за хуманитарна помош, мерка што САД ја сметаат за „неприфатлива“.

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови

Во вториот круг на гласање на претседателските избори ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од Запишаните избирачи.

Во вториот круг на гласање на претседателските избори ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од Запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Во случаите кога ДИК со решение ќе го повтори гласањето во вториот изборен круг по листи на кандидат, повтореното гласање во вториот изборен круг се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на вториот круг на гласањето во роковите определени од дик согласно изборниот законик.

Доколку биде исполнет цензусот и биде избран претседател на државата, неговата инаугурација треба да биде на 12 мај. Претседателот на Македонија се избира за време од пет години и за претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

притисни ентер