Ако сте одлучиле да ја пуштите косата, советите од оваа жена со коса до струкот ќе ви бидат добредојдени.
Долгата и здрава коса е симбол на младоста и често ја носат младите девојки. Многу ретко може да се види жена во посериозни години со квалитетна и здрава коса. Многумина веруваат дека оние кои можат да се пофалат со тоа, имаат добра генетика. Но, дека тоа не е секогаш така докажува и инфлуенсерката Рене Фламанд која во своите 50-ти може да се пофали со бујна и здрава коса.
Со оглед на тоа што таа редовно споделува слики од нејзината коса, расположена е и да одговара на прашањата од љубопитните придружници, или дами кои бараат совет.
Таа открива дека ја одржува својата коса здрава и долга, објаснувајќи дека косата и расте околу еден и пол сантиметар месечно, а должината на новата коса достигнува и до 15 сантиметри годишно. Оваа инфлуенсерка истакнува дека ретко ја крати косата, иако фризерите препорачуваат редовно потстрижување за косата да има здрави врвови.
- Имав долга коса неколку пати во животот и кога велам долга, мислам до задникот. И единствено може да расте ако не ја сечете.
Сепак, според неа, за да ја одржите косата здрава, треба да избегнувате да ја третирате со топлина. Од јануари, како што изјавила инфлуенсерката, отсекла само еден сантиметар и тоа кадрица што ѝ останала од пред четири години. Поминале месеци, а таа не ја кратела косата.
Испуканите врвови ги крати сама
Оваа инфлуенсерка навела дека, ако види испукани краеви, не чека косата да ѝ расте, туку сама ги отстранува. Што се однесува до обликување на косата, таа открива дека никогаш не користи фен и пегла, а не се ни сеќава кога последен пат го направила тоа, косата ја суши исклучиво природно.
-Не можам да се сетам кога последен пат сум користела алатка за стилизирање на косата. Можеби пред 30 години? Мислам дека користев во средината на 90-тите - открива Рене.
Косата ја мие само еднаш неделно, а кога ќе го тргне пешкирот од глава, задолжително ја протресува и таа се суши за два часа на природна температура.
Покрај тоа, Рене ги советува жените да ја прифатат својата природна коса, бидејќи таа сакала промена и направила минивал, затоа имала кадрици. Како што вели, нејзе ѝ се допаѓа и црвена и црна коса, но решила да ја пушти својата природна коса иако многумина ѝ сугерирале дека изгледа старо, пренесува британски „Сан“.
Нејзината коса изгледа сјајно само затоа што таа не ја третира со фен или пегла и не ја бојадисува.
Многумина ги коментирале нејзините фотографии, фалејќи го квалитетот на косата на оваа средовечна жена и благодарејќи ѝ за споделените совети.
- Јас сум фризер и ова се факти.
- Секогаш кога некој ќе ме праша како да му порасне косата, јас буквално му одговарам „не шишај се“.
- Доколку постојано ја третирате и стилизирате, неопходно е да ги кратите врвовите за да избегнете кршење на косата и расцепени врвови.
- Како фризерка која има долга коса, сето ова е 1000 проценти точно! Верувајте ѝ на оваа жена, не лаже – беа дел од коментарите.
Многумина потврдија дека ако косата е правилно негувана и ако избегнувате топлина, таа може да расте и не бара шишање во тој случај. Една корисничка признала дека имала слична ситуација и дека косата многу ѝ пораснала кога не ја кратела. Освен тоа, не ја ни бојадисувала, и како што признава, заштедила многу пари.