Милијардерот предупредува: Светот никогаш претходно не се соочил со поголем предизвик

Сопственикот на онлајн сајтот за трговија Алибаба, Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, и дека голем број на луѓе ќе ја изгубат работата поради напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервју на овогодишниот Светски економски форум во Давос, извршиниот директор и основач на Алибаба, детално говореше за некои од најголемите предизвици со кои денеска светот се соочува.

„Вештачката интелигенција и “big data” се закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција би требало да им помага на луѓето. Технологијата секогаш би требало да биде нешто што ќе го подобри животот на луѓето, а не да го отежнува. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но компјутерите нема да можат да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат бројни работни позиции, кои во иднина ќе ги заземат машините. Услужните индустрии нудат надеж, но тоа мора да се организира“ – порача Ма.

Изјави дека имаме среќа бидејќи се наоѓаме во сред трансформација благодарејќи на технологијата.

„Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено секога нова технологија создава и друштвени проблеми – изјави Ма и додаде дека “доколку не се поврземе, луѓето ќе се бора меѓу себе, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот“.

Ма говореше и за односот меѓу жените и компаниите, и порача дека доколку некој сака успешна фирма, тогаш најдобро е жени да ја водат.

Изјави дека 37 отсто од високиот менаџмент во Алибаба се жени.

- Некој вид на “тајна состојка“ на нашиот успех е тоа што имаме толку многу колешки – порача тој.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер