Милошоски: Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш

Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш.  

Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери.

Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде. Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.

Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин, рече Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.

Макрон на крајот од месецов во државна посета на Германија

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до 28 мај ќе престојува во државна посета на Германија која ќе биде во контекст на европската соработка, со планирани посети на Берлин, Дрезден и Минстер, соопшти денеска германското претседателство.

Посетата, која е прва на француски претседател во последните 24 години, ќе се реализира непосредно пред изборите за Европскиот парламент (6 до 9 јуни) и почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, и Олимписките игри во Париз кои следат веднаш потоа.

Францускиот претседател редовно се среќава со германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз или Берлин, додека оваа државна посета, најважна во протоколарната хиерархија, ја организира германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Емануел и Брижит Макрон ќе бидат пречекани со воени почести во палатата Белви во Берлин, резиденцијата на германскиот претседател, а потоа ќе присуствуваат на „прославата на демократијата“ по повод 75-годишнината од германскиот Основен закон и 35 години од мирната револуција во 1989 година што доведе до повторно обединување на двете Германија.

Со потпишувањето на Основниот закон на 23 мај 1949 година е основана Сојузна Република Германија.

Вториот и третиот ден од посетата ќе бидат во Дрезден и Минстер, каде што ќе разговараат за „заедничките предизвици на кои Франција и Германија можат да дадат заеднички одговори во Европа, на полето на технолошките иновации и конкурентност или на теми за мир и безбедност на континентот“, се наведува во соопштението.

Претседателот Макрон ќе биде единствениот странски гостин на годишнината од основањето на Сојузна Република Германија, на барање на претседателот Штајнмаер кој сака „да ја нагласи уникатната вредност на француско-германското пријателство“. /МИА

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

притисни ентер