Миловиќ: Турскиот државјанин Бинали Чамгоз нема да биде екстрадиран во Турција

 Турскиот државјанин Бинали Чамгоз не може да биде екстрадиран во Турција, изјави денеска министерот за правда на Црна Гора, Андреј Миловиќ.

Тој изјави дека оваа одлука не може да се менува и дека е ставена ад акта.

По апсењето, Чамгоз под силни безбедносни мерки е однесен на распит во обвинителството.

Тој се товари за кривично дело убедување за потврдување на невистинита содржина и му е одредена мерка притвор до 72 часа.

Турција побара негова екстрадиција поради кривична постапка за повеќе кривични дела, вклучително и создавање криминална организација и обид за убиство, а Високиот суд донесе одлука во април 2023 година со која се утврди дека се исполнети законските услови за негова екстрадиција.

Миловиќ тврди дека одлуката е донесена во согласност со законот, Уставот и меѓународните конвенции.

-Станува збор за лице за кое медицинскиот експерт јасно кажал што значи за него да се биде во турски затвор. Тој случај за мене е ад акта. Тој не може да биде екстрадиран во Турција бидејќи веќе сум донесе одлука и тој предлог е ад акта, рече Миловиќ.

На 6 јули 2022 година, Чамгоз беше уапсен во Подгорица, а полициската управа тогаш објави дека има фалсификуван пасош со име Мехмет Али Бајхан.

Заедно со него беа приведени уште пет турски државјани. /МИА

Полскиот претседател: Ако Русија ја победи Украина, може да нападне и други земји (ВИДЕО)

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека Русија би можела да нападне други земји доколку нејзините сили победат во војната против Украина.

Тој додаде дека предвидува нов воен притисок од Кремљ во наредните недели.

Во интервју за Блумберг на маргините на Катарскиот економски форум, Дуда не рече дека нападот врз соседите на Украина е неизбежен, но предупреди дека сојузниците во НАТО се ранливи.

„Ако успеат да победат во Украина, ако успеат да ги остварат своите цели, ќе нападнат други земји. Тоа може да бидат балтичките земји, може да биде Финска, може да биде Полска“, рече Дуда.

Тој додаде дека се надева оти помошта ќе пристигне во Украина пред да започне новата руска офанзива, која очекува да започне во пролетните месеци.

Полскиот претседател најави и дека неговата влада нема да може да ја испорача противракетната батерија „Патриот“ во Киев, пишува „Блумберг“.

Полска е „во потенцијално опасна зона“ и треба да ги надополни своите ресурси, рече тој, мислејќи на тенковите, авионите од советската ера и воената помош за Украина во вредност од 4 милијарди долари.

„Сега треба да се грижиме за себе“, нагласи Дуда.

Полскиот лидер, кој меѓу првите го најави своето присуство на Самитот за постигнување мир во Украина, што ќе се одржи следниот месец во Швајцарија и на кој ќе се разговара за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека е неопходно за Украина да ја врати контролата врз целата окупирана територија.

Шефовите на држави и влади на повеќе од 160 земји, вклучително и Групата седум, Групата 20, Европската унија и земјите од БРИКС, се поканети на собир во близина на Луцерн на 15-16 јуни, а Русија, која не е меѓу нив, рече дека самитот е бесмислен без учество на Москва.

Се породи снаат на Цеца- Вељко Ражњатовиќ доби трет син, ќе се вика Исаија

Богдана Ражнатовиќ се породи утрово на 14 мај во приватна клиника во Белград.

Богдана Ражнатовиќ, снаата на Цецa Ражнатовиќ, се породи денеска на 14 мај и на свет донесе здраво машко дете, на кое мама и тато му го дадоа името Исаија.

Бебето е тешко 3.850 грама, а породувањето се случило во приватна болница во Белград.

Името што му го дале, Исаија, значи „Божја помош“.

За потсетување, парот веќе го има постариот син Жељко, кој го носи името на таткото на Вељко, Жељко Ражнатовиќ Аркан и помладиот, или сега среден син, Крстан, објави Телеграф.

Масовна тепачка во Парламентот на Грузија пред донесување контроверзен закон (ВИДЕО)

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“.

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ѝ ја „продава“ Грузија на Русија.

Седницата продолжила и по тепачката, пренесува Интерфакс.

Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници на странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше откажан поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација што работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

притисни ентер