Претседателот на кумановските пензионери, Благе Јакимовски рече дека средбата со министерот има исклучително значење за оваа категорија граѓани кои често ги посетуваат здравствените установи и најави дека ќе ја искористи за да разговараат за досегашните и некои идни бенефити кои можат да ги користат пензионерите од сферата на здравството.
– Тука сум да поразговараме за предизвиците со кои тие се соочуваат при добивањето и пристапот до здравствената услуга, да ги слушнеме предлозите, сугестиите, рече министерот.
Потенцираше дека досега се преземени повеќе мерки за олеснет пристап до здравствените услуги, меѓу кои и укинувањето на квотите со кои, како што појасни, веќе секој ден во месецот има лекови во аптеките. Втора година по ред, потенцира, обезбедна е бесплатна вакцина за повеќе категории граѓани, една од нив се и пензионеите без ограничување во висината на пензијата.
– Сакаме да ги слушнеме нивните предлози, за да видиме што дополнително од сето ова што го направивме, можеме и дополнително да направиме за нив, додаде Филипче. /МИА