Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers" по големиот успех во Либан

 Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers", по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен First Lego League настан, што се одржа во Либан.

Станува збор за натпревар во едукативна роботика, што се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.

Манчевски, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, го поздрави нивниот успех, и како што истакна, тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата што поради „Space Walkers" е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.

– Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје, посочија од Министерството.

Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.

– Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес, рече министерот Манчевски.

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Скопје и Атина да се држат до Договорот од Преспа, а Македонија како земја кандидат за членство во Унијата да не го бранува соседството. 

Вакава порака упати потпретседателот на Европската комсија Маргаритис Схинас во изјава за грчките медиуми дадена на Саем за книга во Солун. Според него првите изјави од новото политичко раководство во Македонија создале политички и правен случај и јасно укажува дека ниту една европска земја не би поддржала членство на држава која отстапува од меѓународните обврски и создава тензии со соседните земји кои се веќе членки Унијата.

- Земјата има уште време да го напушти ќорсокакот на националистичкото заострување и ревизионизмот. Се надевам дека едногласните реакции на европското и атлантското семејство на нивните први изјави и постапки ќе бидат храна за размислување за носителите на одлуки во Скопје, порачал Схинас во изјавата за грчките медиуми.

Во меѓувреме не стивнуваат ниту рекациите од нашиот јужен сосед. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис откако пред неколку дена најави ново вето за Македонија, позициите ги повтори и денеска. Во интервју за грчкиот весник „Македонија“ претседателот на грчката Влада посочува дека европскиот курс на Скопје зависи од почитувањето на договорот од Преспа, јавно повикувајќи ја преседателката Силјановска Давкова во иднина да избегне, според него, слични незаконски и провокативни избори како изоставувањето на придавката „Северна“ при давањето заклетва. Според Мицотакис Силјановска за време на инаугурацијата го прекршила не само Песпанскиот догвор, туку и Уставот на Македонија. Во одговор на новинарско прашње, пак, портпаролот на грчката влада Маринакис рече дека следните потези на официјална Атина ќе зависат од начинот на положување заклетва на идната македонска влада.

„Очекуваме новата Влада на Македонија, да положи свечена заклетва, да ги слушнеме позициите, но првите знаци не се добри, не се охрабрувачки. Ние ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè, ова да го стори другата страна“- Павлос Маринакис, портпарол на грчката влада.

И шефот на грчката дипломатија Герапетритис во изјава за едно од грчките радија порача дека Преспанскиот договор е меѓународно ратификуван и оти не може да се менува и ревидира еднострано. Грција досега не ратификуваше ниту еден од трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а грчкиот премиер во неколку наврати порача дека нема да го направат тоа доколку македонското раководство не ги почитува доследно одредбите од договорот од Преспа.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со британскиот амбасадор Метју Лосон

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата. Претседателката Сиљановска Давкова посочи на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит.

Амбасадорот Лосон на претседателката Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.

„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како Претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како Претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од Кралот Чарлс Трети, соопштуваат од Кабинетот.

Прегласување на седум избирачки места во петата и шестата изборна единица во среда

Вечерва на полноќ почнува предизборен молк, поради одлуката во среда да се прегласува во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица.

Вечерва на полноќ почнува предизборен молк, поради одлуката во среда да се прегласува во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управниот суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај.

Од ДИК во изјава за Канал 5 велат дека се целосно подготвени за прегласувањето кое ќе се случи на две избирачки места во Крушево, исто така две избирачки места во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино. Станува збор за вкупно 4521 лице со право на глас од кои 2 во старски домови и 5 во затвор.

„ Изборниот материјал денеска почнува со дистрибуција до општинските изборни комисии. Утре ќе бидат дистрибуирани и уредите за биометриска идентификација, направена е техничка проверка на овие уреди и се целосно подготвени да бидат ставени во функција, “-Радица Тодоровска - ДИК.

ОД ДИК исто така информираат дека гласањето кое ќе се одивива во затворите во Прилеп и Скопје го спроведува општинската изборна комисија на Прилеп и на општина Шуто Оризари, додека гласањето во старските домови во Битола и Скопје ќе го спроведува општинските изборни комисии на Битола и на Карпош.

Гласачко место: 1844 Струга

Гласачко место: 1272 Охрид

Гласачко место: 1202 Крушево

Гласачко место: 1194 Крушево

Гласачко место: 1470 Долнени

Гласачко место: 1470/1 Долнени

Гласачко место: 2101 Желино

ДИК на седницата која се одржа во саботата ги разреши и претседателите и членовите на избирачките одбори во избирачките места каде што беа утврдени нерегуларности и ќе има прегласување, но засега нема информација дали од нив ќе биде побарана и одговорност.

притисни ентер