Мирчевски од Чучер-Сандево: Успешните аграрни реформи и економски политики се потврдуваат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски денеска, на маалска средба се сретна и разговараше со жителите на с.Глуво, општина Чучер – Сандево, се наведува во соопштението на СДСМ.

Непосредните средби со граѓаните на терен се прилика да се слушнат потребите, но и сугестиите и идеите на граѓаните со цел изнаоѓање на соодветни решенија.

Токму за таа цел тимови на СДСМ од почетокот на летото во рамки на работните активности се помеѓу граѓаните низ целата држава, а ваквиот тип на средби стануваат дел од функционирањето на партијата.

Со присутните граѓани, Мирчевски попладмево разговараше за досегашните реформи и мерки кои ги направи Владата предводена од СДСМ во повеќе сектори и придобивките кои ги добиваат граѓаните од нив.

Успешните аграрни реформи даваат реални резултати. Над 50 илјади картички за мерката зелена нафта веќе се поделени, мерка преку која 55 илјади земјоделци добиваат за 30 отсто намалување на трошокот за гориво и воедно 200 илјади денари завршуваат назад кај земјоделците. Мерката млад земјоделец дава можност од ослободување на младите земјоделци до 40 години ослободување од плаќање на закуп на земјоделското земјиште за првите три години, а распределбата на земјоделското земјиште денес се прави неселективно и транспарентно, достапно на секој земјоделец. - истакна Мирчевски.

Денес имаме раст на откупните цени на земјоделските производи и тоа според последните податоци од 145 отсто кај краставицата, 115 отсто кај лубеницата и 85 отсто кај доматите, а раст на откупните цени имаме и кај грозјето, сливата, пиперката и други земјоделски производи. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.

Мирчевски посочи дека преку мерката МојДДВ со која 15 отсто од ДДВ се враќа кај граѓаните скенирани над 11 милиони фискални сметки, со промет над 5,5 милијарди денари , од тоа над 92 милиони денари или 1.5 милион евра се враќаат назад кај граѓаните само од досегашното реализирање на мерката.

Покрај бенефитот за физичките лица,бенефит од поврат на ДДВ имаат и правните лица. Забележан е зголемен поврат на ДДВ кон фирмите за 14.5 отсто или 30 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година.

СДСМ продолжува со маалските средби со граѓаните. Останува посветено да работи во интерес на граѓаните и државата.Зборот важи!

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер