Мисајловски: Со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 50 милиони евра директна поддршка за спортот

На 24 април избравте Македонија повторно да биде на секој еден од нас, земја во која граѓаните ќе бидат задоволни. 

Ајде на 8 мај да им дадеме црвен картон и да ставиме печат на победата, победа која значи подобро утре за секој еден од вас. До подобро утре може да стигнеме само заедно, сплотени, со масовна излезност и гласање за број 2. Ајде да ставиме крај на мизерниот однос кон граѓаните, кон државата, доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Македонија, повика од митингот во Куманово носителот на листата за пратеници на Изборна единица број 2, Владо Мисајловски.

Мисајловски посочи дека целта со програмата Платформа 1198 е граѓаните да живеат подобро, достоинствено, да има повисоки плати, пензии, да се врати правната држава, жестока борба со корупцијата, казни за лицата вмешани во криминал.

Истакна дека пензионерите мора да имаат подобар живот и дека ќе се обидат за секој пензионер да имаа доволно финансиски средства за основни потреби.

„Ветуваме дека пензионерите ќе добијат 5.000 денари линеарно покачување уште во првата година. Исто така планираме да отвориме 50 илјади нови работни места, ќе има учебник за секое дете и во основно и во средно образование. Ќе има 50 милиони евра директна поддршка во спортот, 250 милиони евра за капитални инвестиции во сите општини годишно, за четири години тоа се една милијарда евра“, рече Мисајловски.

Но, додаде Мисајловски, за да го направиме ова требаат промени, промени кои ќе ги донесе секој еден граѓанин и затоа ве повикувам да одите кај сите ваши пријатели, комшии и да ги замолите да дадат поддршка, пред се за професорката Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа и за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да ја оствари најголемата и убедлива победа, се наведува во партиското соопштение.

Екс бугарскиот премиер Петков преживеа тешка сообраќајка, повреден е неговиот возач

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на поранешниот премиер на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, јавуваат бугарските медиуми.

Сообраќајката се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна. Петков не е повреден.

Несреќата била предизвикана од ненадејно излетување на другиот автомобил во која патувале две лица на возраст од 60 години. Во автомобилот на Петков патувале четири лица.

Возачот на цивилниот автомобил починал на лице место. Две лица се повредени и тие се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Еден пациент е 58-годишна жена со комбинирана траума и е во тешка состојба.

– Се уште не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност – соопштиле од болницата.

Другиот повреден е возачот на 37-годиниот возач на Петков.

Се распадна ли бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек- тој веќе се иселил од куќата

Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се разведуваат.

Како што пишува In Touch Weekly, на актерот му „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата што ја делат. Ова го потврди извор близок до парот. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.

Обожавателите претходно забележаа дека парот со недели не поминува време заедно. Актерот не беше на Мет Гала со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.

Официјалното оправдување на Бен за неприсуството на Мет Гала беше дека бил зафатен со снимањето на Сметководител 2, но изворот на In Touch тврди дека тој одлучил да се разведе.

"Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде нивната куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира и тој не може да ја промени. Немаше шанси ова да потрае“, тврди изворот.

Парот, кој некогаш се забавуваше, но ја раскина свршувачката во 2003 година, а потоа се обедини речиси 20 години подоцна, претходно имаа проблеми во врската бидејќи се справуваа со славата на различни начини.

Џенифер многу подобро се справуваше со медиумското внимание, додека Бен секогаш бегаше од неа. Во документарниот филм The Greatest Love Story Never Told, пејачката откри и дека тешко се справуваат со вниманието на јавноста и дека таму мора да прават компромиси.

„Мислам дека на Бен не му е удобно да го правам ова, но не може да ме спречи“, рекла Џенифер. „Бен никогаш не сакал да ѝ ги уништи соништата на Џенифер или да ѝ каже дека не може да направи нешто за да ѝ помогне во кариерата, иако таа прилично го контролира“, тврди изворот.

„Тие чекаа речиси две децении за повторно да бидат заедно, но на крајот едноставно не им успеа“, додава изворот и продолжува: „Двајцата рекоа дека созреале и научиле од своите грешки, но некои од поголемите проблеми што ги предизвикале првиот пат кога се разделија, останаа исти“.

Инаку, познато е дека Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а се верија подоцна истата година. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата до Управниот суд по одлуката на ДИК за ИМ 0511

Коалицијата „Вреди“ на почетокот на јавната седница пред Управниот суд ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. 

Управниот суд одлучи дека постапката се прекинува.

Претставникот на тужителот Коалицијата „Вреди“ Бетим Амети, на почетокот на јавната седница информира дека тужбата ја повлекува во целост.

Според наводите на тужителот, набљудувачот од Коалицијата „Вреди“ на ИМ 0511 во Општина Гостивар недостига оригинален записник од ова избирачко место и дека имало три потписи помалку од гласачки ливчиња во кутијата по што ДИК на јавна седница нецелосно и неточно ја утврдил фактичката состојбата и приговорот го одбил.

ДИК во одговор на тужбата вели дека на јавна седница детално ја утврдил фактичката состојба и дека бројот на идентификувани гласачи е идентичен со бројот на гласови и предлага да се отфрли.

До ДИК беа поднесени 27 приговори за гласањето на парламентарните избори, од кои прифатени беа седум, шест за избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

притисни ентер