Мисајловски во Гази Баба: Граѓаните се незадоволни од ова што се случува

Денеска имаме една убава шанса и можност да посетиме повеќе населени места тука во Општината Гази Баба, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Разговаравме со многу граѓани, разговаравме на сите реални теми. Бевме во Црешево, бевме во Виниче. Тука сега сме во Инџиково, во Питу Гули. И во други населени места каде што можевме да слушнеме од граѓаните многу проблеми. Но и она што се случува во изминативе три години.

Граѓаните се незадоволни од ова што се случува, се револтирани од многу причини. Не само во оние ресори каде што власта секој ден слушаме какви прави погубни политики, но и она што најмногу го одземаа на граѓаните, а тоа е идентитетот она македонското во сите нас.

Гази Баба е Општина каде што си ја сака Македонија. Каде што се борат за Македонија и ќе продолжат тоа да го прават и во иднина, и секогаш ќе го прават. Они се бунат на неправдата, се гневни на тоа што се случуваше. И гневни се на сите политики на Заев, но и на сите министри од Владата на СДСМ но и од Коалицијата.

Можеме да видиме дека тука реалните проблеми се заборавени. Може да видиме дека нема капитални проекти, дека нема нови уличка, дека нема ниту еден багер, нема нешто да се сработи во општината.

Затоа разговараме да ги слушнеме граѓаните и во нашата програма тоа да го ставиме.

Да се потрудиме се она што ќе го ветиме во иднина да го реализираме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е брендот каде што навистина утре ќе им помогне на граѓаните.

Затоа ќе се бориме, затоа насекаде во Република Македонија ќе допреме до сите граѓани да имаме средби, да направиме една голема победа во Република Македонија каде што потоа они сите ќе видат дека ги решаваме нивните реални проблеми.

Затоа и конечно на 12-ти април да ги тргнеме од власта и да дојде една свежа, нова позитивна енергија и се разбира со преродба односно со нови проекти и програма за Република Македонија, рече Мисајловски.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер