Мишел во Скопје: Охрабрување, но без гаранции за позитивен епилог напролет

Со пораки на силна посветеност, но и без гаранции дека Македонија може да се надева на сигурен почеток на преговори на пролет, првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел ја заврши посетата на земјава.. 

Новата методологија и реформската агенда на земјава беа во фокусот на разговорите на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со државно-политичкиот врв на Македонија. Тој денеска посетата на земјава ја заокружи на средби со лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но Мишел денеска не даде изјава. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата кажа дека со првиот човек на Европскиот совет разговарал за европската перспектива на Македонија и порача дека земјава треба да си ја заврши домашната задача преку носење на потребните закони.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, за средбата се огласија преку соопштение во кое посочуваат дека на средбата со Шарл Мишел, било заклучено дека реформската агенда на земјава мора да продолжи, а лидерот на партијата Мицкоски истакнал дека членството на Македонија во Унијата за нив е на највисоко ниво.

,,Претседателот Мицкоски истакна дека членството во ЕУ е највисоко во агендата на ВМРО-ДПМНЕ и како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи се за Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата. Заклучено е дека мора да има реформи, како на судско, административно, безбедносно, така и на секое друго ниво од значење на државата.

Пораките на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во поглед на проширувањето, за дел од аналитичарите во земјава се позитивни. Поранешниот дипломат Нано Ружин вели дека воздржаноста на Мишел за некои прашања е бидејќи процесот кој следува не е лесен, а Европа од нас очекува да ги исполниме барањата.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, по вчерашните средби со премиерот на техничката влада Оливер Спасовски и Претседателот Пендаровски порача дека на советот во март ќе се водат тешки разговори околу проширувањето. Мишел додаде и дека за време на неговиот мандат ќе се залага за отворање на процесот на преговори со Македонија и во таа насока до Европскиот совет ќе предложи стратегија базирана на три столба.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер