Mистерија: Исчезна и бродот што го бараше урнатиот авион

Бродот што тргна во потрага по исчезнатиот Малезиски авион, што се урна на 8 март 2014 , три дена го снема од радарите .

Малезиската влада кон почетокот на годинава ја ангажираше компанијата ,,Ocean Infinity “ за да ги најде остатоците од авионот што пред четири години без трага исчезна во водите на Индискиот океан.

Бродот тргна во потрага на 22 јануари , но по десет дена мистериозно исчезна од радарите .
Цели три дена немало никаква трага ниту контакт со бродот . По три дена наеднаш се појави сигнал на радарите, што го лоцирале бродот надвор од територијата што требало да ја пребара. Нема информации каде пловел бреодот тие три дена , ниту како е можно да нема никаква комуникација .

Семејствата на исчезнатите патници во авионската несреќа сега бараат од владата и од компанијата да им објаснат каде патувал бродот три дена и дали нешол некаква трага од авионот .
Експертите сметаат дека бродот намерно ги исклучил сите врски за да не им создава дополнителна траума на членовите на семејствата .

Во авионот што леташе од Куала Лумпур кон Пекинг на 8 март 2014 имало 239 патници и членови на екипажот .

Пред исчезнувањето од радарот , авионот направил нагло свртување кон Индискиот океан , по што му се губи трагата .

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер