Мизрахи:Со имунизирање по 300 луѓе на ден ќе ни требаат 10 год. за вакцинирање на сите граѓани

За мене ова е трагедија бидејќи ако имунизираме по 300 луѓе  со првичната доза на ден нас ќе ни требаат околу 10 години да го имунизираме целокупното население во Македонија

Пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Рашела Мизрахи кажа дека трагично е што Македонија моли од соседните држави за некоја доза на вакцини и дека тоа само ја покажува неспособноста на власта и на министерот за здравство Венко Филипче во справување со Ковид-19 кризата.

Во овој момент е трагично тоа што Република Македонија се наоѓа во ситуација во која што ќе моли и буквално извинете на израз ќе проси од комшиите за да добие некоја доза на вакцини. А да голема благодарност до соседна Србија која што даде 2.000 дози. Вчера имаше едно интервју чинам од господинот Венко Филипче во кое што кажува колку ќе биде комплицирана процедурата за вадење, растопување и имунизација на самото население и дека ќе се имунизираат во 300 луѓе дневно истакна Мизрахи.

Дополнително пратеничката на ВМРО –ДПМНЕ Рашела Мизрахи потенцираше дека состојбата со имунизацијата е трагедија за нашата држава и дека со имунизирање по 300 луѓе со првичната доза на ден ќе ни требаат 10 години за да го имунизираме целокупното население на државата. Мизрахи дополни дека доцнењето со имунизацијата нанесува не само здравствени штети со губење на огромни животи туку и огромни економски штети.

За мене ова е трагедија бидејќи ако имунизираме по 300 луѓе со првичната доза на ден нас ќе ни требаат околу 10 години да го имунизираме целокупното население во Македонија и за оние повозрасни гледачи еве моја генерација и повозрасни ќе упатам еден апел да се потсетиме како се имунизиравме ние и како медицинските сестри доаѓаа и по училиштата и имунизираа деца од прво, трето, четврто одделение се работи за деца што не лесно секогаш се контролираат па се примаа по две, три, четири, пет илјади дози дневно и се имунизираше целото население. Ова е веќе траги- комично, невредно е да се коментира иако како собрание мора да го коментираме бидејќи ова доцнење не ни нанесува само здравствени огромни штети и губење на човечки животи туку и огромни економски штети заврши Мизрахи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер