МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Сите сектори во Министерството за внатрешни работи се целосно подготвени за утрешното гласањето за  парламентарните и вториот круг од претседателските избори да помине во најдобар ред. 

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информира дека како и за првиот круг и претходните изборни циклси избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

Во меѓувреме, Јавното обвинитлство постапува по однос на пријавата на полицијата откако поради сомнеж за изборен поткуп вчера беа уапсени две лица од селото Мелница, општина Чашка. При претресот во нивните домови полицијата пронашла оружје. Кај , 52 годишниот И.И. биле пронајдени и одземени еден пиштол со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. Кај вториот осомничен, 50 годишниот А.Ч. биле пронајдени и одземени три пиштоли со една рамка и 139 куршуми.

Овој случај ќе биде дел од сумарниот извештај со податоците меѓу двата изборни циклуси, кој утре ќе го презентира привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето, велат од Јавното обвинителство. Од таму информираат дека граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронската адреса [email protected], а граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право и кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на Обудсманот.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер