МЗ: 21 нов случај на ковид-19, 17 оздравени

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 725, активни 204

• Куманово – 436, активни 35

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-41, активни 6

• Прилеп –210, активни 46

• Тетово – 177, активни 82

• Струга – 75, активни 8

• Велес – 127, активни 41

• Битола –28, активни 7

• Охрид –23, активни 8

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –21, активни 3

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 0

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 0

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод - 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 0

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 0

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер