МЗ: МРП вакцина досега примиле 37.189 деца на возраст до 14 години

Министерството за здравство соопшти дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) до вчера во државава вакцинирани се 37.189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина.

Од нив, како што се посочува, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се 28 деца, а во останатиот дел од државава вакцинирани се 691 дете (предучилишна и училишна возраст).

Во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.237 дози вакцина. Од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14-годишна возраст.

Од декември 2018 година, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во државава. Остануваат на сила препорачаните мерки и активности кои ги преземаат центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, стои во соопштението./МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер