МЗ: регистрирани 317 нови случаи на Ковид-19, починале четири лица

Денеска се регистрирани 317 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 19413. Оздравени се 104 пациенти– починати се 4 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7724, активни 1166

• Куманово 1823, активни 166

• Дебар 290, активни 35

• Штип 1307, активни 79

• Прилеп 742, активни 138

• Тетово 1517, активни 168

• Струга 693, активни 42

• Велес 348, активни 36

• Битола 344, активни 78

• Охрид 443, активни 36

• Кавадарци 256, активни 41

• Гостивар 959, активни 68

• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 328, активни 185

• Крива Паланка 130, активни 38

• Радовиш 107, активни 35

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 450, активни 183

• Пробиштип 119, активни 17

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 2

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 129, активни 47

• Валандово 54, активни 39

• Виница 126, активни 36

• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 380, активни 57

• Кичево 340, активни 29

• Ресен 167, активни 9

• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1990 теста се преку: ИЈЗ-501, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-457, Биотек-249, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –43, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-18, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 66

• Гази Баба – 126

• Аеродром - 208

• Карпош – 180

• Центар – 210

• Кисела Вода – 131

• Ѓорче Петров – 93

• Бутел - 49

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 4

• Сарај – 14

• Арачиново – 5

• Илинден – 31

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково - 3

• Странец – 10

• Нераспределен-6

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер