На 15 март пресуда за случајот „27 април“

Процесот за организаторите на насилниот упад во Собранието е на самиот почеток, но затоа на самиот крај е судењето за обвинетите како извршители на делотот терористичко загрозување на уставнито поредок..

По точно шест месеци откако триесетина лица седнаа на обвинителна клупа за собраниските насилства од 27 април, судењето за најголемиот предмет заврши. Пресудата ќе ја слушнат на 15 март. На последните рочишта прстот го вперија во пратениците.

,,Жал ми е за случувањата во Собранието но јас грижа на совест немам. Грижа на совест треба да имаат Крсто Мукоски и Сашо Василевски. ...рече обвинетиот Вилијам Михајловски. Дел од нив пак се гневни за како што велат испазарената амнестија.

Ќе одговарам за тоа што го сторив но тоа сигурно не е тероризам. Захарие Симовски доби амнестија а сите знаеме дека во Собранието носеше пиштол.

Нивните адвокати очекуваа до последен момент обвинителката Вилма Рускоска да направи преквалификација на кривичните дела за кои ги обвини, но тоа не се случи. Очекуваат ослободителна пресуда.

Судијката Добрила Кацарска рече дека и потребно подолго време за да ги прегледа сите записници на кои се анализирани видео снимките од собраниските и телевизиските камери пред да ја изрече пресудата. Пред два дена таа рече дека во текот на водењето на постапката немала никакви притисоци ниту од партиски функционери.

За помалку од еден месец пресудата ќе ја слушнат само 17 од обвинетите меѓу кои и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, вработени во собранието, агенти на УБК. Законот за амнестија претхдно предизвика низа реакции во јавност а беа ослободени 15 лица меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов, но и дел од водачите на протестите За заедничка Македонија.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцунски: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

притисни ентер