На елката во Даунинг стрит 10 , лампион со името на нашата земја

Фамилијарни фотографии, неформални разговори, озборување.Дводневниот НАТО самит во Лондон, освен за потврда на сојузништвото старо веќе 70 години, вообичаено за вакви настани, беше и добра можност за контакти.

Почетокот на лидерскиот состанок, Заев го искористи за ракување со Трамп и краток разговор. Друштво им правеше и генералниот секретар Столтенберг, кој вчера доби македонско бело вино од македонскиот премиер, во знак на благодарност за влогот кој го дал за нашата држава да стане 30та членка на НАТО.

Заев, освен со министрите, во Лондон е и во придружба на сопругата Зорица, која му правеше друштво на прием кај домаќинот, Борис Џонсон. Од резиденцијата на Даунинг стрит 10, Заев сподели фотографија со новогодишна елка на која стои лампион потпишан со “Северна Македонија” и напиша...

"Downing 10" синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи на важниот лидерски НАТО состанок.

Заев со сопругата Зорица беше и на прием кај кралицата Елизабета..

Со неа потоа, заедно со останатите лидери, направија и фамилијарна фотографија....

Посетата на кралската палата, ја искористи и министерката Шекеринска, која имала прилика да поразговара со сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон.

На настанот, сепак, сите погледи беа насочени кон секогаш гламурозната поранешна мисица, а сега сопруга на амерканскиот претседател Доналд Трамп... Фотографите успеаја да ја уловат и во друштво на францускиот претседател Макрон со кој насмеано разговараат.

Но, иако на Макрон му годи присуството на Меланија, за време на коктел дружбата во Бакингамската палата заедно со британскиот, канадскиот и холандскиот премиер, го исмејуваа нејзиниот сопруг Доналд Трамп по жестоката прес конференција меѓу нив двајцата.

Џонсон до Макрон: Зошто доцнеше?

Трудо: Задоцни поради 40 минутната прес конференција.

Трудо: Видовте дека вилиците на неговиот тим паднаа на земја.

Јубилејните 70 години од основањето на НАТО се одбележува симболично во Лондон, бидејќи таму бил отворен првиот штаб на Алијансата. Самитот предизвика интерес на повеќе од 1000 медиумски екипи.

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

притисни ентер