На косовските каратисти не им е дозволен влез во Србија на ЕП во карате

На раководството на Карате сојузот на Косово и на косовските каратисти не им е дозволен влез во Србија да учествуваат на Европското првенство во карате, кое се одржува во Нови Сад од 8 до 10 мај.

Како што соопштија од владината Канцеларија за Косово, делегацијата е вратена, бидејќи нејзините членови носеле обележја со симболи на Косово.

На административниот премин Мердаре српската полиција и соопштила на косовската делегација дека им е забранет влезот со одлука на Министерството за внатрешни работи, по што косовската карате екипа се вратила во Приштина.

Претходно, приштинските медиуми објавија дека претставници на Карате сојузот на Косово ја отфрлиле можноста за учество на шампионатот без државните симболи на Косово.

Според соопштението на Канцеларијата за Косово, лицата кои се обиделе во две групи и во два различни термина да влезат на територијата на Србија спротивно на договорот, вратени се синоќа и утринава од административниот премин.

- И покрај прецизната најава од страна на организаторите за исклучиво статусно неутрален начин на учество и преставување на спортистите од Косово, помал дел од косовската делегација се појави во текот на ноќта околу 23 часот на административниот премин Мердаре со обележја на лажната држава Косово, со намера да предизвика провокации на ова спортско првенство. Утринава уште еднаш, поголем дел од делегацијата се обиде да внесе обележја и опрема со симболи на самопрогласеното Косово, се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово.

Поради ова и двете делегации се вратени.

Приштинската страна, додаваат од Канцеларијата на КиМ, нема навремено и на начин предвиден со Договорот за официјални посети поднесено барање за доаѓање и учество на делегацијата.

Претставниците на Карате сојузот на Косово вчера не се појавија на претходно закажаната средба со претседателот на Европската карате федерација, на која требаа да се договорат и да се прецизираат деталите за начинот на нивното учество и претставување на спортистите во Нови Сад, што како што се наведува во соопштението „доволно говори дека спорт им е во втор план и овој пат". /МИА

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Кавадарчанецот кој синоќа во локал му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во неговиот кабинет и лично му се извини дека се било последица на лошо пијанство во комбинација со лекарствата кои ги пиел. 

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди

Човештвото мора да даде поголемо значење и почит на пчелите кои се најважниот единствен вид опрашувач во светот, обезбедувајќи растителна храна на луѓето и голем број животни.

Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.

Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.

Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.

ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт

Поплавени подруми, дворови, лифт во станбена зграда по поројните дождови низ Македонија. Околу 3.000 повици биле упатени кон Центарот за Управување со кризи за време на викендот. 

Во текот на вчерашниот ден, битолските пожарникари извлекле паднат човек од реката Драгор, кај месноснта „Сали Мост“, кое според ЦУК не се здобило со повреди, благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Од Центарот за Управување со кризи и денеска со апел до граѓаните при појава на поројни врнежи од дожд проследени со силни електрични празнења да бидат исклучително внимателни.

„Да се избегнува движењето во засеци во природата, посебно во ридест дел, суводолиците да се избегнуваат, тоа се старите корита кои може да се наполнат со вода, дури и да нема дожд во близина. И да не се оди многу блиску до речни корита, и особена внимателност треба при врнежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. “ --изјави Илија Бојаровски – ЦУК.

Нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи според најавите од УХМР ќе има до среда. Наместа врнежите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со залислен ветер, кој во текот на утрешниот ден велат од УХМР ќе биде посилен. Наместа можна е и појава на град. Преодно стабилизирање на времето се очекува в петок, додека за време на викендот од УХМР со најава за нови врнежи од дожд.

„Посилен ветер ќе имаме веќе во утрешниот ден и тоа долж повардарието во текот на денот и повеќе нестабилност во западниот и северниот дел од земјата. Утре наутро температурите ќе бидат од 10 до 16 степени за степен два пониски од денешниве, денешниве сепак беа над просек високи температури. А дневните ќе се искачуваат до 27 степени. Во среда веќе ќе имаме температура до 30тиот степен но сепак и натаму ќе биде нестабилно.“ -изјави Борис Секирарски – УХМР .

Невремето кое ја зафати Македонија за време на викендот не направи значителни штети врз земјоделските насади. Засега надлежните институции не добиле пријави од граѓани, велат вода фалеше и дождот е добредојден.

притисни ентер