Како што многу меѓу нив посомневале, станувало збор за грешка. Бонус кој требало да го добијат бил 100 евра, јавуваат белгиските медиуми.
Сепак, имало и такви кои парите ги искористиле за ги исплатат долговите или во некои случаи влегле право во казино.
А сега компанијата од градот Шарлерој ги бара парите назад.
Се уште не е познато колку точно работници од 230 вработени добиле бонус. Просечната плата во оваа челичана е 1.600 евра месечно, пишуваат медиумите.
Поранешниот синдикален претставник Џузепе Пичуто мисли дека станува збор за само неколку вработени.
„Бев шокиран кога видов колку пари имам на сметка“ – изјави еден неименуван работник на кој му била исплатена оваа сума.
„Но веднаш ми беше јасно дека станува збор за грешка, па не ги подигнав парите. Го подигнав само делот кој што знам дека ми е уплатен како плата“.
Меѓутоа, тој изјавил дека знае “неколку кои потрошиле дел од парите“.
„Знам некои кои отидоа во казино, некои имаа долгови кои ги платија, а на некои сметките веднаш им беа замрзнати“.
Во овој случај законот за работа е многу јасен: доколку по грешка се подигнат пари, сите тие мораат да бидат вратени, изјавил адвокатот Етјен Пире за телевизијата „RTL”.
„Дури и доколку корисниците на сметките можат да тврдат, што е малку сомнително, дека сметале оти имаат право на толкав бонус“, парите мораат да се вратат во целост, смета адвокатот.
Како знак на добра волја, компанијата може да одобри одолжено враќање на долгот, додава тој.