Најбогатиот руски бизнисмен со порака до Путин: Немој да не` вратиш во 1917 година

Најбогатиот руски бизнисмен го предупреди Кремљ да не го конфискува имотот на компаниите кои се повлекле од Русија по инвазијата на Украина, велејќи дека таквиот чекор ќе ја врати земјата повеќе од 100 години наназад.

Владимир Потанин, претседател на металуршкиот гигант Норилск Никел и негов најголем акционер, рече дека Русија ризикува да се врати во турбулентните денови на Октомвриската револуција од 1917 година, ако ги затвори вратите за западните компании и инвеститори. Тој ја повика руската влада да дејствува со крајна претпазливост во врска со одземањето на имотот, пренесува Си-Ен-Ен.

„Прво, ќе не` врати 100 години наназад, во 1917 година, а последиците од таквиот потег, глобалната недоверба кон Русија од страна на инвеститорите, ќе ги трпеме со децении“, се вели во објавата на Потанин на профил на Норилск Никел.

„Второ, одлуката на многу компании да го прекинат бизнисот во Русија е, би рекол, донекаде емотивна по природа и можеби е донесена како резултат на невиден јавен притисок врз нив од странство. Така, тие најверојатно ќе се вратат. И јас лично би им оставил таква можност“, додаде Потанин.

Потанин е најбогатиот руски милијардер со имот во вредност од околу 22,5 милијарди долари според Блумберг, и покрај тоа што изгубил околу четвртина од своето богатство оваа година поради падот на акциите на Норилск Никел. Акцијата загуби повеќе од 90 отсто на берзата во Лондон пред да биде прекинато тргувањето, и покрај зголемените цени на нејзините производи.

Норилск Никел е најголемиот светски производител на висококвалитетен паладиум и никел, како и главен производител на платина и бакар. Компанијата и нејзините примарни производи ги избегнаа санкциите наметнати на руската економија од западните земји.

Десетици американски, европски и јапонски компании оставија заеднички вложувања, фабрики, продавници, канцеларии и други средства во изминатите две недели како одговор на руската инвазија на Украина и санкциите. Ним вчера им се придружија Голдман Сакс и Џеј Пи Морган, првите големи западни банки кои објавија целосно напуштање на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчедра изјави дека го поддржува планот за воведување „надворешно управување“ со странските компании што ја напуштаат Русија. „Мораме да дејствуваме решително кон оние кои имаат намера да го затворат своето производство. Неопходно е да се воведе надворешен менаџмент, а потоа да се префрлат овие компании на оние кои сакаат да работат“, рече Путин во видеото објавено од Кремљ.

Руската организација за правата на потрошувачите состави листа на компании кои решиле да ја напуштат земјата и би можеле да бидат национализирани, се наведува во извештајот на рускиот дневен весник „Известија“. Документот, кој наводно бил испратен до руската влада и до главниот обвинител, вклучува 59 компании, меѓу кои Volkswagen, Apple, IKEA, Microsoft, IBM, Shell, McDonald's, Porsche, Toyota, H&M, а во извештајот се посочува дека листата може да се надополни со уште повеќе брендови.

Потанин рече дека не е добро да се разговара за национализација на западните средства, но додаде дека Кремљ може да им дозволи на сопствениците да ги задржат средствата и компаниите за да избегнат колапс. Компаниите треба да продолжат да произведуваат и да ги плаќаат вработените.

„Разбирам дека поради економските ограничувања против Русија, може да има разбирлива желба да се дејствува симетрично. Но, на примерот на западните земји, гледаме како нивните економии страдаат поради санкциите против Русија. Мораме да бидеме помудри и да избегнуваме сценарио каде што реципрочно нè погодуваат санкциите“, смета Потанин.

Тој, исто така, ја повика Русија да ги олесни ограничувањата за странските валути за да може да се плаќа камата на странските обврзници и заеми. Во спротивно, постои ризик од еднократно доспевање на целиот руски надворешен долг, кој се проценува на околу 480 милијарди долари.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер