Најден дијамант вреден 33 милиони евра

Британската рударска компанија „Џем дајмондс“ соопшти дека неодамна во Лесота ископала дијамант од 910 карати, којшто веќе се смета за еден од петте најголеми дијаманти пронајдени во историјата на човештвото.

Дијамантот би можел да вреди околу 33 милиони евра, оцени аналитичарот Бен Дејвис од инвестиционата компанија Либериум капитал.
„Откако Џем Дајмондс стекна права на рудникот Летсенг во 2006-та година, компанија ископа неколку од најголемите и најинтересни дијаманти на светот“, изјави генералниот директор на фирмата Клифорд Елфик.

Според неговите зборови, дијамантот е исклучително чист и досега е најголем дијамант ископан од рудник во Лесота, африканска земја која е една од најсиромашните на светот.

Најголем дијамант на светот е Кулинан од 3.106 карати. Овој дијамант беше пронајден во 1905-та година во Јужна Африка.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер