Најдоброто од светот на анимацијата на 4. „Анимакс Скопје Фест“

Вкупно 52 филмови од 17 земји ќе бидат прикажани во официјалната програма на 4. издание на Меѓународниот фестивал на анимираниот филм „Анимакс Скопје Фест“, што од 4 до 6 декември ќе се одржи во Скопје.


Според директорот на фестивалот Кузман Кузмановски, станува збор за најдобрите и најнови филмови од светот на анимацијата, бидејќи поголем дел од нив се носители на престижни награди и се победници на реномирани фестивали во светот. Селекцијата е извршена од досега рекордни 326 пристигнати анимации од разни делови од светот.

- Таа е нагорната линија на која ние се радуваме и веќе сме позиционирани и забележани во светот на анимацијата, бидејќи ни стигнаа филмови од Куба, од егзотични земји, од цел свет. Франција оваа година е најзастапена со девет филмови, Шпанија, Русија, Британија и САД, рече Кузмановски.
Тој нагласи дека годинава за главните награди-златна, сребрена и бронзена тула, ќе одлучува четиричлено жири во кое ќе има двајца застапници од Македонија - Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија и Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на МРТ, како и гостите Андреј Рубетској светски афирмиран аниматор од Русија и Дорис Бауер коосновач на Автсрискиот филмски фестивалски форум.

Селектор на фестивалската програма Благоја Куновски Доре, изразувајќи задоволство од пријавените над 300 филма на фестивалот, подвлече дека тоа охраврува бидејќи покажува дека „Анимакс Скопје Фест“ си избори место на мапата на анимирани светски фестивали.

- Бројката на пристигнати филмови покажува дека имамем силна конкурнција. Практично една шестина е влезена од сите пријавени филмови. Секоја вечер ќе бидат прикажани по 15-16 филмови или околу 100-тина минути фестивалска програма. Тоа се филмови од сите континенти, а во селекцијата немаше сентименталност. Влегоа оние кои што навистина заслужуваат, така што од една од водечките светски анимации каква што е Франција, од девет пријавени филмови дури шест влегоа во официјална конкуренција, потоа Полска, која е светски позната во анимацијата е застапена со шест филма. Со по четири влегоа Италија, Шпанија, Германија, а има и кинматографии како американската, британската застапени со по три филма, рече Куновски.

Фестивалот отвора со филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, кој е многу наградуван и автор на постерот за овогодишното издание на Venice Film Fest. На првата вечер на фестивалот ќе се претстави и македонскиот аниматор Иван Ивановски со филмот „Конзо“.

Втората вечер ќе ја отвори францускиот „Kiki of Montparnasse“ (Кики од Монтпарнас ), а третата италијанскиот „Beauty“ (Убавина)“, а дел од програмата ќе биде и „Man On The Chair“ (Човек на столчето), овогодишен победник на Интернационалниот фестивал за анимиран филм „Annecy“ во Франција“.

Традиционално, членовите на жирито од странство и оваа година ќе се претстават со работилници. Австријкаа Бауер, ќе одржи работилница на 5. декември, во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот, на која ќе говори на тема „Филмските фестивали – поттик и потреба“. Во сабота, пак, гостинот од Русија, Рубетској, кој е режисер на познатиот цртан филм „Белка и Стрелка“, (Space Dog Family) ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 12 години, под наслов „Трикови на анимирање“. Работилницата ќе се одржи во 13 часот во Кинотека на Македонија.

За Златната тула за најдобар филм за деца ќе гласаат дечињата во текот на трите фестивалски денови од вкупно осум анимирани филмови за деца влезени во официјалната конкуренција. Наградите ќе бидат доделени на затворањето на фестивалот во сабота, 6ти декември.

Новина на овогодишното издание на фестивалот е соработката со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности - ЕСТА, кој што ќе додели две стипендии од по 3.000 евра. За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и лица со завршено средно образование кои поседуваат основно познавање за цртање. Заинтересираните треба да ги испратат своите лични податоци (име и презиме, возраст и контакт телефон) заедно со цртежи во било која техника и на било која тема на мејлот на фестивалот: [email protected] или [email protected]најдоцна до 4-ти декември.

Како што нагласи Кузмановски, од пристигнатите апликации ќе се направи избор на шест апликанти кои ќе учествуваат на работилница за традиционална 2D анимација во сабота, 6ти декември, во просториите на Универзитетот, а предавач на работилницата ќе биде Гоце Господиновски од ЕСРА“.

Тој најави дека по завршување на фестивалот ќе биде објавен отворен повик за македонските аниматори за едноминутна анимација, исто така, во соработка со ЕСРА, а деталите ќе бидат објавени дополнително. Најдобрата анимација ќе биде наградена со стипендија во вредност од 3.000 евра.
Официјалната програма во трите фестивалски денови ќе почнува во 20 часот,а билетите ќе чинат 50 денари и ќе може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија. Детската програма во четврток и во петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, додека проекцијата во сабота ќе почне во 12 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани. Организаторите на фестивалот, порачуваат дека билетите треба да се чуваат и по проекциите затоа што се бесплатен влез за клубот Midnight за датумот назначен на картата.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер