Најексклузивниот пасош на светот го поседуваат само три лица

Германскиот пасош е најдобар, бидејќи со него без виза можат да се посетат 176 земји, а најелитниот пасош на Суверениот малтешки воен ред, го поседуваат само три лица.

Поради тоа овој пасош се смета за најексклузивниот на светот.

На светот секогаш постоеле, а и во иднина ќе постојат само три пасоши на Суверениот малтешки воен ред, чие полно име е Суверен воен болнички ред на Свети Јован од Ерусалим, Родос и Малта.

Тие три пасоши ги поседуваат највисоките функционери во тој католички ред – големиот мајстор, заменикот на големиот мајстор и канцеларот.

Бизнис инсајдер наведува дека пасошите потекнуваат од 1099 година, а сите други припадници на овој ред морале да користат патни исправи од матичните земји.

Интересно е дека овој воен ред не поседува сопствена земја, откако во 1800 година ја изгуби Малта.

Оттогаш нивната „земја“ е сочинета од два вонтериторијални поседи во Рим – резиденцијата на големиот мајстор палатата „Малта“ и вилата „малта“, каде издаваат сопствени поштенски марки, валути и пасоши.

Денеска овој ред дава медицинска помош и организира хуманитарни интервенции по светот.

Се верува дека брои околу 13.500 витези, дами и капелани, 80,000 постојани доброволци и 25.000 вработени.


Најмалку десет жени и деца загинаа кога минибус пропадна во реката Нил (ФОТО)

Најмалку 10 лица, претежно жени и деца, загинаа денеска кога автобус со околу 20 патници се лизна од траект и падна во реката Нил во близина на Каиро, соопштија египетските власти, додавајќи дека се уште не е јасна причината за несреќата.

Државните медиуми објавија дека најмалку пет жени се водат како исчезнати, пренесува АП.

Ахмед Рашед, гувернер на провинцијата Гиза, една од трите провинции што го сочинуваат Големиот Каиро, рече дека автобусот бил извлечен од реката и дека континуираните напори за пронаоѓање и спасување не успеале.

Министерството за здравство соопшти дека на лице место е укажана помош на шест повредени лица, додека тројца се префрлени во болници, не прецизирајќи каква е природата на повредите.

Списокот на жртви што претходно го доби АП покажува дека шест од жртвите се малолетни, а државниот весник Акбар објави дека „во автобусот кој превезувал работници на работа имало дваесетина патници“, а возачот на автобусот е приведен.

Јадел јагоди додека не го испразнил аквариумот, снимката има 226,4 милиони прегледи (ВИДЕО)

ТикТокерот @wallywhatthe се пофали со извонреден успех, а неговото видео „собра“ повеќе од 226,4 милиони прегледи.

Под видеото напишал „100 литри јагоди наспроти еден дечко“, а тврди дека изел еден куп овошје за 12 часа.

Видеото е делумно забрзано, прикажувајќи еден дечко како собира јагоди и не престанува да јаде додека целосно не го испразни аквариумот.

Секако, предизвика голем интерес кај тиктокерите, а доказ за тоа се преку 242.000 коментари.

Многумина се воодушевени од неговата „вештина“, други повикуваат на претпазливост, а трети се сомневаат дека „потфатот“ е автентичен.

@wallywhatthe ♬ original sound - Wally.

И навистина, на снимката има „рифови“, додека светлото во просторијата практично не се менува.

„Јадеше јагоди 12 часа, но светлината во собата не се смени? Зошто да не“, напишало едно лице.

Друг продолжил: „Сакаш да кажеш дека стоел во речиси иста положба и џвакал 12 часа?“.

Третиот не се двоумеше: „Одлични вештини на монтажа! Штета што сонцето не зајде во тие 12 часа“.

Челси му даде отказ на тренерот Покетино

Челзи дефинитивно ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако Маурисио Покетино денеска доби отказ.

Од клубот соопштија дека постигнале договор со тренерот и дека тој повеќе нема да го води тимот.

По една година на клупата на тимот, Аргентинецот не успеа да ги задоволи апетитите. Седмата позиција во првенството беше премалку и излез во Конференциската лига, па и покрај добриот крај на кампањата мораше да си замине.

За ова се зборува веќе некое време, но Челзи очигледно чекаше до крајот на сезоната за да го потврди тоа.

- Благодарност до сопственичката група на Челзи и спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на овој фудбалски клуб. Клубот сега е добро позициониран да продолжи да напредува во Премиер лигата и Европа во годините што следат - изјави Покетино.

Во текот на кариерата, Покетино од клупата ги водеше и Еспањол, Саутемптон, Тотенхем и Пари Сен Жермен.

притисни ентер