Меѓу најинтересните експонати беше автомобилот на Хјундаи со нозе наместо тркала. на тој начин со брзина од 5 км/час ова возило ќе се движи преку непристапните краишта. Може да прескокне дупка со промер од 1,5 м. или да се искачи на ѕид.
Интересен експонат се и слушалките за симултан превод на компанијата Тајмкетл , уред што се состои од бежични слушалки поврзани со паметен телефон. Секој од соговорниците става по една слушалка во увото и може да почне комуникацијата на кој било јазик.
Интересен е и 4К телевизорот на LG , чиј екран може да се витка како ролна хартија.
Интерес предизвика и роботската пекарница , која без човечка помош на секој половина час пече по десет векни леб , а потребно е само да се наполни со потребните состојки.
За одреден број посетители внимание предизвика и маската против рчење Хупнос , што се поврзува преку апликација со мобилниот и го тера заспаниот да ја смени позицијата.