Најмалку 15 загинати во ерупција на вулкан во Индонезија (ВИДЕО)

Индонезискиот вулкан Семеро денеска продолжува да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција во која загинаа 15 луѓе, додека потрагата по десетици исчезнати ја отежнува лошото време.

Највисоката планина на островот Јава силно еруптираше во саботата, фрлајќи огромно количество пепел над околните села.

Бројот на загинати се искачи на 15, а 27 се водат како исчезнати, соопшти Индонезиската агенција за управување со катастрофи.

Вулканот повторно еруптира утрово, потврди на Твитер Индонезискиот центар за вулканологија и геологија (ПВМБГ), предупредувајќи на континуирана сеизмичка активност.

Семеро е еден од најактивните вулкани во Индонезија.

Некои загрижени жители се вратиле во своите домови за да ги прегледаат имотот и добитокот, а Лисванто ги повикал да бидат внимателни.

„Луѓето треба да бидат повнимателни бидејќи потенцијалната закана сè уште постои“, додаде тој.

Во областа Самбервулух, спасувачките тимови се мачеле со лошите временски услови додека се обидувале да ги извлечат жртвите од урнатините.

„Баравме девет исчезнати лица во ова село и, фала му на Бога, ги најдовме телата на три жртви“, рече Естианто Хедриантоно, шеф на локалната потрага. Тој додаде дека дополнителен предизвик е „што биле заробени под трупци и камења, а земјата е сè уште жешка“.

Луѓето објавуваат фотографии од нивните исчезнати роднини на Фејсбук и барале какви било информации за нив.

Текот на лава по ерупцијата во саботата уништи мост што поврзува две области во блиската област Лумајанг со градот Маланг, што ги отежнува спасувачките напори.

Обезбедени се оброци и медицинска помош за повеќе од 1.700 евакуирани.

Тим за третман на трауми е испратен на терен за да им помогне на децата погодени од ерупцијата, објави Си-Ен-Ен Индонезија, а во областа се испратени стотици пакети со помош, вклучувајќи ориз, ќебиња, облека и други основни потреби.

Семеро е еден од повеќе од 100-те активни вулкани во Индонезија, земја која се протега низ Огнениот прстен на Тихиот Океан, област со висока сеизмичка активност.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер