Најмалото куче на светот е високо само 9,65 сантиметри

Чивавата Мирикл Мили со своите 9,65 сантиметри е најмалото куче на светот , објави Гинисовата книга на рекорди.


Чивавата Мили има две години , тежи околу половина килограм и со својата горда сопственичка Венеса Семлер живее во Порторико.

Досега најмалото куче на светот беше долговлакнестата чивава Бо Боа од Кентаки која е висока 10 , 16 сантиметри .

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.

Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.

Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.

Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.

Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи.

притисни ентер